Љубовниот живот на Сања Кужет: По разводот му се врати на бившиот, сега чекаат второ дете
Иако почнале врска, таа траела кратко. По 10 години повторно се сретнале, откако Сања веќе била разведена.
Во тоа време Немања бил сосема поинаков од пред една деценија, па Сања решила да му даде нова шанса.
„Сега си евоцираме спомени од тоа време, кога бевме на Крит и од нашата прва врска, и убаво ни е“, признава таа.
Сања од првиот брак го има синот Андрија, кој е ученик во прва година средно во гимназија во Белград.
Помалиот син, Страхиња, го има од врската со сегашниот партнер, Немања, а со кого го чека и третото дете.
За постариот син вели дека обожава кошарка, а помалиот фудбал и е голем фан на „Црвена ѕвезда“.
„Би сакала да имам ќерка“, изјави таа, но од „Гранд продукција“, каде што работи, открија дека водителката за неколку месеци ќе роди трет син.
А. Ј. | Црнобело