Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во затвор“
- Детали
- петок, 24 ноември 2023
„Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминуваме низ различни работи и фази. Јас немам дадилки, сам се грижам за себе, за својот дом и за своето дете“ – Стефан Ѓуриќ Раста раскажа како неговото одење во затвор влијаело врз неговата ќерка која тогаш имаше само 3 години.
Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста (34) во изминатиот период отворено зборува за грешките од минатото.
Тој направи документарен филм, насловен „3211“ каде отворено зборува за својот живот во затворот, а неодамна во гостување во една радиоемисија, откри како тој период додека бил во затвор се одразил врз неговата ќерка Тара.
Раста беше уапсен во 2020-та година откако полицијата кај него најде 5 грама марихуана, а по претресот, во неговиот дом биле најдени и други опојни супстанци. По ова, тој помина три месеци во притвор, по што беше пуштен во домашен притвор.
Неговата ќерка Тара во тој период имаше само 3 години, а српскиот рапер сега зборува за тоа како се одразило врз неа тоа што тој долго време бил отсутен од нејзиниот живот.
„Тоа беше еден трауматичен момент во нејзиниот живот. Цело време додека бев во затвор, таа беше во мојот дом.
Едноставно не сакаше да се одвоиме, очекуваше дека ќе дојдам секој миг. Дури и во моментот кога бев во затвор, таа беше свесна дека нешто не е во ред со мене“ – вели раперот.
Тој додава дека Тара во тој период иако била многу мала, знаела дека мајка му на Раста е чувствителна, па затоа постојано го прашувала татко му дали знае нешто ново и кога татко ѝ ќе си дојде дома.
„Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминуваме низ различни работи и фази. Јас немам дадилки дома и немам куќни помошнички. Сам се грижам за себе, за својот дом и за своето дете.
Тоа ми е уживање. Што и да ми се случило во минатото, ме направило тоа што сум денес“ – вели Раста.
Инаку, што се однесува до неговиот документарен филм, Раста појасни дека целта му била да покаже како и зошто завршил во затвор, да појасни дека се кае за она што му се случило, но дека научил и важна животна лекција.
Како што рече со филмот сакал да ѝ објасни на ќерка си каде бил целото тоа време додека го немало, но и да упати силна порака до сите да не ги прават неговите грешки.
Прочитајте и Ана Николиќ задоцни 3 часа на роденденот на ќерката, дојде со флеки на колената: „Ќе направам сѐ за да не тргне по моите стапки“
Б. С. Б. | Црнобело