Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“?
- Детали
- петок, 22 март 2024
Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бурни времиња“. Како изгледа денес малиот Осман, кој веќе има 19 години и гради успешна актерска кариера?
Македонската публика имаше можност да го запознае турскиот актер Емир Берке Зинџиди, уште во периодот кога тој беше мало момче и ја толкуваше улогата на слаткото детенце Осман во серијата „Бурни времиња“.
Денес Емир е 18-годишно момче кое и понатаму продолжува да ја гради својата успешна актерска кариера.
Кога имал само 2 години, неговите родители го пријавиле во агенција за актери и тогаш почнал да игра во голем број реклами, а во 2010-та, на само 5-годишна возраст бил избран да ја толкува улогата на малиот Осман.
За оваа улога ја доби наградата најдобро дете актер во Турција, а потоа се појавувал во голем број други серии.
Денес Емир е мошне активен на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии од проектите на коишто работи.
Речиси никој не може да го препознае и да сфати дека станува збор за истото дете кое пред 10-тина години ги освои срцата на македонската публика.
Погледнете повеќе фотки од Емир:
Б. С. Б. | Црнобело