Една од најубавите српски пејачки за борбата за потомство: „Имав 3 спонтани абортуси пред да ја добијам ќерката – сега знам за кого живеам“ (фото)

„Веќе не сум најважна само јас, туку имам некого за кого живеам“ – вели убавата српска пејачка и открива како нејзината ќерка сосема случајно го добила името, откако претходно трипати имала спонтани абортуси заради тромбофилија.

edna-od-najubavite-srpski-pejachki-za-borbata-za-potomstvo-imav-3-spontani-abortusi-pred-da-ja-dobijam-kjerkata-sega-znam-za-kogo-zhiveam-foto-01.jpg

Српската пејачка Марија Микиќ (30) пред речиси 3 месеци ја роди ќерката Ѓурѓа, а сега ја отвори душата и зборуваше за својата битка за потомство.

Нејзината приказна ги охрабрува сите оние што подолго време се борат за потомство и е доказ дека понекогаш соништата сепак се остваруваат и покрај големиот број препреки.

Марија се натпреваруваше на „Беовизија“, српскиот избор на песна за „Евровизија“ и тогаш ја искористи можноста да ги сподели убавите вести со публиката дека таа и нејзиниот партнер Јован, наскоро ќе станат родители.

Сега, три месеци откако и официјално ја добија ќеркичката, Марија одлучи да ја отвори душата и јавно да проговори за здравствената состојба заради која претходно трипати имала абортуси.

„Со оглед на тоа што заради тромбофилијата имав проблем околу одржувањето на бременоста, пред да ја родам Ѓурѓа имав три спонтани абортуси. Кога четвртипат останав бремена и кога бременоста за задржа подолго од вообичаеното, Јоца во еден момент од радост прокоментира: ‘Опа, Ѓурѓо’ и тоа име за детето се задржа. Никогаш не разговаравме за друго“ – рече пејачката во интервју за Story.rs, а пренесуваат српските портали.

Инаку тромбофилијата е зголемена склоност на организмот да создава згрутчување на крвта или тромбови.

Болеста се јавува кога нормалната рамнотежа на коагулациониот систем е нарушена. Може да биде вродена т.е. генетски детерминирана тенденција за венски и артериски тромбоемболизам, со вообичаена појава на возраст под 45-50 години, со тенденција на чести рецидиви и тромботични инциденти на невообичаени места.

Честопати оваа болест може да предизвика проблеми со зачнувањето и чести спонтани абортуси по зачнувањето.

Марија сега е пресреќна затоа што ја има ќерката, а веќе успеа да им се врати и на музичките ангажмани.

„Во истиот миг кога се роди Ѓурѓа се роди и она чувство за кое сите зборуваат. Веќе не сум најважна само јас, туку имам некого за кого живеам“ – вели таа и додава дека со мајчинството почувствувала и голем број други одговорности.

Марија редовно на својот Инстаграм профил објавува слики со неа и со ќерката.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg