Српски писател открива: „Три жени ми се доверија дека пријавиле силување и дека не било преземено ништо“
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
„Во само еден месец ми се јавија 6 девојки кои се силувани/злоставувани. Од нив 3 пријавиле и 3 имаат ист резултат. Ништо. Едно големо ништо. И не ми се јавија со желба јас да им го решам проблемот, туку да ги сослушам...“, раскажува српскиот писател.
Никола Ѓокиќ е српски писател, кој често споделува интересни цитати на својот Инстаграм профил, но овојпат тој говори за актуелна тема од Србија.
Тема која вклучува жени жртви на семејно насилство, силувања и злоставувања од каков било тип.
Прочитајте и Балканска тиктокерка: „Сопругот на сестра ми ѝ ја удирал главата од плочки, го стискал и бебето“ (вознемирувачко фото)
Со својата објава тој испраќа моќна порака:
„Во само еден месец ми се јавија 6 девојки кои се силувани/злоставувани. Од нив 3 пријавиле и 3 имаат ист резултат.
Ништо. Едно големо ништо.
И не ми се јавија со желба јас да им го решам проблемот, туку да ги сослушам. За својата болка да ја поделат со мене, болка за која можам да кажам дека ја почувствував по сè што слушнав и плачев и ми се плаче уште.
Болка која не им се случила сега брзо, но толку многу ги боли, што ја преживуваат секојдневно.
А замислете го само разочарувањето, кога ќе соберете храброст да пријавите што ви се случило и од тоа не добивате ништо. Замислете ја немоќта. Понижувањето. Шокот во кој останувате. Парализирани.
Прочитајте и Србија се крена на нозе: Сериски силувач пуштен на слобода – јавноста згрозена од неговото интервју
И сето тоа се мои претпоставки. Зборовите навистина не умеат да опишат нешто што толку боли. А мене ме заболе само од слушање.
И да биде уште полошо со самото тоа што „обелодениле“, наместо да им се помогне, во нив се вперува прст.
Дека тоа е таа девојка, која го направи тоа, односно не го направи, на неа ѝ беше направено. Нешто на кое таа не кажа „да“ и нешто кое ќе го носи со себе додека е жива.
Овој Инстаграм профил го сочинува 85% женска популација. И колку и да мразам да се огласувам на актуелни теми, сега морав да го направам тоа.
Девојки, не срамете се да ги исфрлите од себе проблемите кои ги имате. Тука сум јас за вас.
Ако мислите дека вас околината нема да ве разбере или ви е потребен „странец“ со кој ќе споделите нешто кое не ви дозволува да бидете среќни.
Интернетот прави да мислиме дека сите се среќни, само затоа што се смеат на фотографиите. Но, не е така.
Ако нешто ве јаде однатре пишете ми, знам колку е тешко да исфрлите од себе нешто кое другите го сметаат за неважно. Не дозволувајте тоа да тлее во вас и да ве убива вас, наместо луѓето кои тоа ви го направиле.
И за вас, кои ја имате среќата таквото нешто да ви биде далечно, прашајте ги вашите пријателки, колешки, сестри, мајка како се...“
С. С. | Црнобело