Јелена Карлеуша се жали - Ким Кардашијан (повторно) ископира нејзин стајлинг и поза
- Детали
- сабота, 01 октомври 2022
Кој кого копира? Светската и регионалната трендсетерка често се слично облечени, а Јелена овојпат се „пожали“ дека Ким ѝ ја украла и идејата за фотосесија со мачка.
Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан се познати како смели трендсетерки. Од време навреме се случува да облечат ист или сличен аутфит.
Пред извесен период стануваше збор за металик аутфит кој Карлеуша го облече за настап во октомври 2020, а пак Ким Кардашијан се појави во сличен во јануари 2021 за промоција на нејзините парфеми.
Но, сега Јелена Карлеуша повторно објави фото споредба од нивни стајлинзи.
Станува збор за стајлинг се леопардов дезен, а особено за сличен стил на позирање со мачка.
Овој стајлинг Јелена тврди дека го носела во јули 2022-ра, а Ким ја ископирала во септември 2022-ра.
Што мислите дали Јелена навистина е модна инспирација на Ким или станува збор само за случајност?
С. С. | Црнобело