Јелена Карлеуша се „пожали“ дека Ким Кардашијан ископирала нејзин аутфит (фото)
- Детали
- петок, 15 јануари 2021
Ким Кардашијан изгледа повторно ја „ископира“ Јелена Карлеуша... Која го носи подобро смелиот металик аутфит?
Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан се познати како смели трендсетерки. Од време навреме се случува да облечат ист или сличен аутфит.
Овојпат станува збор за металик аутфит кој Карлеуша го облече за настап во октомври 2020, а пак Ким Кардашијан се појави во сличен во јануари 2021 за промоција на нејзините парфеми.
Јелена Карлеуша објави фото споредба од стајлинзите и напиша:
„Ок, ќе го обвинам дизајнерот (дополнување: моделот има нешто слично, но не идентично). Тој тврди дека го направил пред 5 месеци... Што ако јас кажам дека го направив пред 3 години? Барем дадете ми некакво признание.
П. С. Голем дел од времето јас лично ја дизајнирам мојата облека за настапите. Многу светски познати личности и дизајнери буквално КРАДАТ сѐ и без довола“, напиша Јелена Карлеуша во описот на фотките од споредбата.
https://www.instagram.com/p/CKCQP_FhZGf/
https://www.instagram.com/p/CKCHGtwguNA/
С. С. | Црнобело