Српска политичарка: „И сестра ми беше претепана, полицијата не направи ништо сè додека не објавив јавно, како Uki Q“
- Детали
- сабота, 01 октомври 2022
„Полицијата ја испрати сестра ми со совет дека нема докази дека тој ја тепал и да оди дома и да се обиде да заборави и тогаш одлучив да објавам јавно...“, раскажува српската политичарка Нина Грбовиќ, која и дава поддршка на Uki Q, но вели дека проблемот ќе биде затоа што насилникот е од богато семејство.
Во медиумите како бомба одекна дека сестрата на тиктокерката Uki Q, Сара, која живее во Белград на 28.09 била претепана речиси до смрт од сопругот.
И оттогаш во Србија, но и целиот регион гласно се говори на темата, се споделуваат искуствa, па дури и фотографии од жените кои со години молчеле за семејното насилство.
И секоја чест за тоа. Одличен потег на Uki Q, односно на Уна Каблар, да оди јавно со целата ситуација.
По тој повод се огласи и српската политичарка Нина Грбовиќ, која вели дека се надева дека полицијата ќе помогне во овој случај, затоа што минатата година во нејзиниот случај кога јавно говорела за претепувањето на нејзината сестра од страна на партнерот – полицијата не направила ништо.
https://www.instagram.com/p/ChxgBPcMaeA/
Нејзината сестра ја претепал раперот Урош Радивојевиќ, познат како Нумеро.
На Твитер профилот на Нина во декември минатата година таа објави:
„Почитувани полицајци и инспектори, сега директно ви се обраќам. Мојата сестра вчера дојде кај вас со целосна доверба за да ѝ помогнете, а вие ја испративте дома со совет дека нема докази дека ја тепал и да оди дома и да се обиде да заборави.“
https://twitter.com/niinochka/status/1474786609606311950?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1474786609606311950%7Ctwgr%5E3fb48e43f04d2bdafba8a895ece9d3341226d21a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fzadovoljna.nova.rs%2Fnjena-prica%2Fi-nina-je-prijavila-coveka-koji-joj-je-tukao-sestru-i-naucila-gorku-lekciju%2F
https://www.instagram.com/p/CV_azNBM0_3/
По оваа објава сестрата на Нина се соочила со повици од полицијата зошто јавно тие како семејство се жалеле. „Но, дури по јавниот настап Урош беше уапсен“, вели Нина.