Сопругата на Харис Џиновиќ за разголените фотографии на ќерката Џина: „Како мајка тешко го поднесувам тоа што го прави“

„Како мајка, тешко го прифаќам тоа, воопшто не ми се допаѓа новото доба и начинот на којшто сето тоа се следи и не сум задоволна“ – вели Мелина, сопругата на фолк пејачот Харис Џиновиќ, за разголените фотографии и видеа на нејзината ќерка.

soprugata-na-haris-djinovikj-za-razgolenite-fotografii-na-kjerkata-djina-kako-majka-teshko-go-podnesuvam-toa-shto-go-pravi-01.jpg

Џина Џиновиќ (17) е ќерка на познатиот фолк пејач Харис Џиновиќ (71) и неговата 31 годинa помлада сопруга Мелина (40), а во последно време младата девојка го привлекува вниманието со разголените фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Како голем број млади луѓе, Џина сака на социјалните мрежи да го покаже своето совршено тело и новата облека, а неретко е мета на критики затоа што премногу се разголува и покажува повеќе отколку што е потребно.

Претходно, нејзиниот татко Харис даде изјава за медиумите и кажа дека тој се обидува да не ѝ се меша во животот на ќерката и дека воопшто не следи што објавува таа на Инстаграм.

Како што рече, воопшто не му паѓало на памет да следи како таа ги „напрчила усните и го истакнала задникот“.

Сопругата на Харис, Мелина е позната модна дизајнерка чии креации ги носеле голем број славни личности (Џеј Ло, Рита Ора, Парис Хилтон), но неодамна за медиумите изјави дека како родители воопшто не им е лесно со Џина.

„Како мајка тешко се носам со тоа. Повторно нагласувам, воопшто не ми се допаѓа новото доба и начинот на кој што сето тоа се следи во медиумите и не сум задоволна. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но мошне тешко се бориме со тоа и не се согласуваме. Тешко се навикнуваме, во таков период сме“ – рече Мелина во изјава за медиумите.

Прочитајте и Од скромна девојка стана дизајнерка на славните – сопругата на Харис Џиновиќ прави креации за Џеј Ло и Лонгорија

Инаку, освен на Инстаграм, Џина е мошне популарна и на ТикТок, каде редовно објавува видеа и фотографии во кои во прв план е нејзиното совршено тело.

Погледнете дел од нив:

https://www.instagram.com/p/Cf1hQR_s96s/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Ce5_wqQM_mt/?utm_source=ig_web_copy_link

@djinadzinovic

danas smo cute

♬ som original - ⋆

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во гардероберот на Џина и Мелина Џиновиќ – Скапи чанти и обетки вредни 11.000 евра Облека, накит и чанти кои чинат неколку стотици илјада евра... Ова може да се ви...
„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите... „Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам“ – изјави Х...
Детали за разводот на Харис и Мелина Џиновиќ: Проблемите почнале во новиот дом, спиеле во различни к... Се шушка дека Мелина Џиновиќ имала врска со друг маж, а Харис се отселил од лукс...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
„Изгледав како носот да ми расте од челото“ – Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ за пластичните опера... „Претходно имав филери и носот ми изгледаше како да ми расте од челото“ – Ќеркат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg