„Изгледав како носот да ми расте од челото“ – Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ за пластичните операции

„Претходно имав филери и носот ми изгледаше како да ми расте од челото“ – Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, на 19 години признава дека веќе направила естетски корекции, а не штеди ниту на облека. Само со еден клик потрошила две просечни плати за јакна.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-01.jpg

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, има само 19 години, а важи за една од најпопуларните српски инфлуенсерки.

Таа на Инстаграм редовно се фали со луксузниот живот што ѝ го овозможуваат нејзините родители.

Во една пригода се пофали дека потрошила две просечни српски плати (околу 800 евра) на една јакна со еден клик на интернет.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-03.jpg

Освен со скапата облека, Џина се фали и со естетските корекции што ги направила на лицето.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-02.jpg

Таа неодамна се жалеше дека итно мора да оди на лекар затоа што филерот во усните ѝ мигрирал, откако претходно откри дека ставала хијалурон во нив.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-07.jpg

Доволно е само да се погледнат фотографиите од пред неколку години, при гостувањето во една емисија, и да се сфати дека Џина направила повеќе корекции на своето тело.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-05.jpg

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-06.jpg

Таа претходно тврдеше дека морала целосно да ја промени исхраната за да се справи со мозолчињата и акните во пубертетот, а освен тоа направила операции на носот и на градите.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-04.jpg

Но, Џина, во една пригода откри дека всушност на претходните фотографии има филери во носот и заради тоа изгледала како да ѝ расте од челото. Таa одговараше на прашања на следбениците кои ја прашаа дали има филери на усните, на што таа откри:

„Дали ти навистина мислиш дека ова е природно“ – по што следеше прашањето дали има филери во носот, а нејзиниот одговор беше:

„Не, но имав претходно и тоа ми направи носот да ми изгледа како да ми излегува од челото, па го стопив филерот. Но, тоа беше пред повеќе од една година“.

izgledav-kako-nosot-da-mi-raste-od-cheloto-kjerkata-na-haris-i-melina-djinovikj-za-plastichnite-operacii-08.jpg

Инаку, во минатото Џина често беше мета на критики заради видеата и фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека по разводот на нејзините родители, таа ќе остане да живее со мајка ѝ Мелина.

Погледнете повеќе фотки од Џина на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ѕирнете во гардероберот на Џина и Мелина Џиновиќ – Скапи чанти и обетки вредни 11.000 евра Облека, накит и чанти кои чинат неколку стотици илјада евра... Ова може да се ви...
„Децата се плашеа од неа, ме тераше да ѝ ги перам гаќите на рака“ – Дадилка откри детали за Мелина Џ... „Со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека Мелина има побл...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите... „Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам“ – изјави Х...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg