„Не сакам да знам што прави ќерка ми на социјалните мрежи“ – Прва изјава на Харис Џиновиќ по вестите за разводот

„Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам“ – изјави Харис Џиновиќ на прашањето поврзано со профилите на социјалните мрежи на неговата ќерка. Тој ги искоментира и пишувањата за разводот со 30 години помладата сопруга и рече: „Прашајте ги Мелина и децата – тие знаат што се случува“.

ne-sakam-da-znam-za-socijalnite-mrezhi-i-shto-pravi-kjerka-mi-tamu-prva-izjava-na-haris-djinovikj-po-vestite-za-razvodot-01.jpg

Разводот со сопругата Мелина и однесувањето на неговата ќерка Џина на социјалните мрежи - ова се само некои од темите за кои неодамна беше прашан српскиот пејач Харис Џиновиќ, а на кој не сакаше да даде конкретен одговор.

Во српските и балканските медиуми беше објавена веста дека Харис Џиновиќ се разведува од 30 години помладата сопруга, дека тие двајца подолго време не живеат заедно, а имаше и гласини дека и двајцата веќе имаат други партнери.

ne-sakam-da-znam-za-socijalnite-mrezhi-i-shto-pravi-kjerka-mi-tamu-prva-izjava-na-haris-djinovikj-po-vestite-za-razvodot-06.jpg

Наводно, Харис останува да живее во луксузната палата што ја изгради пред неколку години, а Мелина ќе се исели од семејниот дом.

Пејачот неодамна беше гостин во една српска емисија и за првпат прокоментира за сѐ она што имал можност да го прочита за себе.

„Слушам и гледам што се пишува за мене и не сакам да давам изјави. Сега ме прашувате за интимни работи и навистина нема смисла. Ништо не ме погодува, ништо од тоа не е вистина.

Ме бараа за изјави, не сакав да давам.

Не разговарам со децата за тоа, прашајте ги другите членови на семејството.

Јас не разговарам со нив за ситуацијата, тие знаат што се случува, јас не знам ништо“ – изјави Харис.

ne-sakam-da-znam-za-socijalnite-mrezhi-i-shto-pravi-kjerka-mi-tamu-prva-izjava-na-haris-djinovikj-po-vestite-za-razvodot-02.jpg

Го прашаа и за однесувањето на неговата ќерка на социјалните мрежи, која често е мета на критики заради тоа што премногу се разголува и објавува провокативни фотографии.

„Не ми пречи тоа што Џина е убава, јас не се мешам и не ја советувам, затоа што може да дојде до судир на мислења. За нејзините активности на социјалните мрежи не сакам да знам, не сум упатен, тоа ѝ го препуштам нејзе, си знае што прави.

ne-sakam-da-znam-za-socijalnite-mrezhi-i-shto-pravi-kjerka-mi-tamu-prva-izjava-na-haris-djinovikj-po-vestite-za-razvodot-03.jpg

Ако ѝ оди добро, значи дека е успешна. Ако така одлучила, не гледам причина зошто да не се покажува во јавност.

Синот Кан понекогаш знае да дојде на настап, што ќе им падне на ум - тоа прават. Не знам што им е во главата за моите настапи“ – изјави пејачот.

ne-sakam-da-znam-za-socijalnite-mrezhi-i-shto-pravi-kjerka-mi-tamu-prva-izjava-na-haris-djinovikj-po-vestite-za-razvodot-04.jpg

Тој за крај рече дека и добрите и лошите спомени ги заборава.

„И да се каам, и да се радувам тоа не ми помага. На иднината гледам со отворени очи, немам негативни аспекти, гледам да ги искористам сите мигови што ми се пружаат во животот“.

Прочитајте и Ѕирнете во гардероберот на Џина и Мелина Џиновиќ – Скапи чанти и обетки вредни 11.000 евра

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Децата се плашеа од неа, ме тераше да ѝ ги перам гаќите на рака“ – Дадилка откри детали за Мелина Џ... „Со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека Мелина има побл...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg