„Да не треба да носам само едноделни купачи?“ - Мајка на 5 деца мета на критики за фотка на Инстаграм

Ме критикуваат затоа што се фотографирам во дводелен костим за капење, а имам над 40 години и мајка сум на 5 деца – вели српската блогерка Милена Костиќ. Таа им даде соодветен одговор на сите оние што имале негативни коментари за нејзината фотографија, а доби голем број позитивни коментари.

srbinka-koja-e-majka-na-5-deca-se-soochuva-so-kritiki-zaradi-fotki-od-plazha-velat-deka-e-degutantno-da-se-slikam-vo-bikini-01.jpg

Милена Костиќ (40) е позната српска блогерка која стои зад Инстаграм профилот Mama iz magareće klupe. Таа е по потекло од Тузла, но е омажена и живее во Нови Сад, а во моментов е мајка на пет деца, апсоловент на медицина, менаџмент инженер, советничка за доење на бебиња, автор на текстови...

На нејзиниот Инстаграм профил таа објави еден подолг текст упатен за сите оние што ја критикуваат нејзината објавена фотографија во која е во дводелен костим за капење.

„Бев свесна дека одреден број луѓе по моето Инстаграм Стори каде што сум (замислете) во костим за капење ќе го напуштат овој профил. Па дека и дополнителен дел, откако ќе им дадам до знаење дека сум свесна дека тоа ќе го направат, исто така ќе си заминат. Сепак и покрај сите процени, некои чекори на луѓето повторно успеваат да ме изненадат“ – вели таа.

Како што вели, Милена добила пораки во кои ѝ рекле дека е дегутантно да става вакви фотки на профил.

„Не беа, сепак, расположени да појаснат зошто е тоа така. Дали затоа што: имам 40+ години, имам пет деца, костумот за капење не е едноделен, не треба да објавувам ништо лично овде, затоа што споделувам стручни информации, затоа што не сум сериозна.

Во секој случај, велат и подвлекуваат дека е дегутантно. Значи, да, имам над 40 години, 5 деца, 3 тетоважи, неколку пирсинзи, едноделен, но и дводелен костим за капење.

Го споделувам своето знење и време низ содржини затоа што така сакам. Не сум должна тоа да го правам. Ги споделувам сопствените лични искуства на некои теми затоа што така сакам.

Но, споделувам и некои фотографии каде што е мојот сопруг, децата или јас, затоа што така сакам. Па дури и во костим за капење. Дводелен. Кога нешто ни предизвикува негативни емоции, можеби прво треба да проверите со себеси зошто тоа е така, пред да им судиме на другите, што би требало или не требало да прават. Ова особено важи за категоријата лажни Пуританци“ – вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by Milena Kostić (@mamaizmagareceklupe)

Инаку за оние што не знаат Пуританци (Тhe Puritans) се англиски протестанти што верувале дека црквата треба да се прочисти. Познати се по тоа што сметале дека жените треба да бидат скромни, подредени на сопругот и целосно повлечени.

Милена, инаку на својот блог најчесто говори за мајчинството, а голем број нејзини следбенички ја пофалија нејзината одлука да се фотографира во бикини, па дури и ѝ упатија охрабрувачки коментари:

„Што, ние што имаме над 40 години на плажа треба да седиме во костум за нуркање? За моралистите да не се возбудат од нашите облини. Не дај Боже така да се фотографираме и да покажеме така некоја фотографија.

Ете, колку луѓето се оптоваруваат со физичкиот изглед – тажно би било кога би сфатиле што сѐ друго пропуштаат. А баш секое тело е убаво, само ако го набљудуваат вистинските очи“ – стои во еден коментар.

„Ти благодариме што нè потсетуваш дека ако сме мајки, тоа не значи дека треба да престанеме да бидеме жени“ – се вели во друг.

Што мислите вие? Проблем ли е тоа што таа одлучила да објави фотографија во костум за капење и мора ли жените откако ќе станат мајки целосно да го променат стилот на облекување?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милена Радуловиќ: „Ако имав ќерка ќе ѝ кажев - Ако момче те тепа или допира, тоа не е затоа што му с... Милена Радуловиќ, која го обвини за силување својот професор по глума Мирослав М...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg