Го изневерила првиот сопруг со свекорот, се омажи по вторпат – Што прави денес Лејла од турската серија „Кога лисјата паѓаат“?
- Детали
- недела, 24 јули 2022
Во 2012-та се разведе од првиот сопруг, по шпекулациите дека наводно го изневерила со свекорот. Се омажи по вторпат во венчаница со црна панделка и ракавици од црн тул. Како изгледа денес актерката што ја играше Лејла во „Кога лисјата паѓаат“?
Гокче Бахадир ја помниме по улогата на Лејла Текин во познатата турска серија „Кога лисјата паѓаат“, а во турските медиуми актерката во изминатиот период беше актуелна заради свадбата со познатиот турски музичар Емир Ерсој.
Гокче Бахадир (40) претходно беше во брак со актерот Али Сунал со кого се венча во 2011-та година, но парот се разведе по само една година брак, а се шпекулираше дека причина за разводот било тоа што актерката го изневерувала сопругот со 30 години повозрасниот свекор.
По разводот, убавата турска актерка ја поврзуваа со грчкиот бизнисмен Јанис Магнос, но и со кошаркарот Керем Тунџери.
Во 2021-ва година Гокче се запознала со музичарот Емир Ерсој додека пеела на неговиот албум Sezenli Şarkılar, по што парот брзо започнал романтична врска.
Во февруари годинава, по само неколку месеци врска парот стапи во брак во Измир.
На церемонијата присуствувале околу 60-тина гости, a Гокче го привлече вниманието затоа што со венчаницата одлучи да носи црна панделка околу половината и ракавици изработени од тул.
Погледнете како денес изгледа Лејла од „Кога лисјата паѓаат“:
Б. С. Б. | Црнобело