Србинка уапсена во Грција откако ги оставила децата во автомобил на температура од 36 степени - jа пријавиле соседите
- Детали
- вторник, 19 јули 2022
Србинка заработи затворска казна во Грција откако малолетните деца ги оставила со часови во автомобилот на температура од 36 степени. Зошто не е безбедно малите деца да се оставаат сами во автомобил за време на топлотни бранови?
Неименувана Србинка заработи затворска казна откако своите малолетни деца на возраст од 3 и 6 години ги заклучила во автомобилот.
Во неделата (17 јули) температурите во Солун се искачија до 36 степени, а дечињата со часови биле затворени во возилото.
Како што пренесуваат грчките медиуми, со цел побрзо да ги заврши домашните обврски оваа 36 годишна државјанка на Србија, одлучила децата да ги остави „на безбедно“, во автомобилот.
Соседите забележале дека дечињата подолго време се сами во автомобилот и дека со нив нема возрасна личност, па одлучиле да викнат полиција, по што мајката била веднаш уапсена.
Според информациите објавени во медиумите, мајката во полициската станица тврдела дека ги оставила децата во автомобилот затоа што правела дезинфекција во куќата и сметала дека ќе биде побезбедно во автомобилот отколку во домот.
Зошто не треба децата да се оставаат сами во затворен автомобил за време на топлотен бран?
Температурата во автомобилот за 10 минути може да стане за 6 степени повисока од надворешната, а за еден час околу 15 степени.
Ниту отворените прозорци не спречуваат автомобилот брзо да се затопли, а мора да се има предвид дека телото на детето се загрева за 3 до 5 пати побргу од телото на возрасните лица.
Дополнително, кај малите деца сѐ уште не е развиена можноста на телото само да се лади.
Децата кои премногу долго време престојуваат во автомобил може да претрпат топлотен удар, што може да предизвика оштетување на мозокот и на другите органи, а да доведе и до смрт.
Прочитајте и Секојдневни грешки кои ги прават родителите, а се опасни за децата во лето
Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com