Секојдневни грешки кои ги прават родителите, а се опасни за децата во лето

Сончање, базени, освежителни сокчиња – како родителите несвесно може да им наштетат на децата во лето, сакајќи го само доброто за нив?

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-01.jpg

Навидум летото создава идеални услови за децата да се одморат и да уживаат во безгрижниот период на распуст, но родителите мора да следат одредени правила за сепак летото да остане безгрижно.

Иако повеќето грешки се прават несвесно и мислејќи на најдоброто, сепак, последиците може да бидат ризични за децата.

Кои се најчестите навики на родителите во лето кои може да бидат опасни за децата?

Им давате сок кога се жедни

Ниту еден сок не може да ги задоволи потребите на детето за течност во лето. Кога е топло, неопходно е да им давате вода на децата, бидејќи само тоа може да ја изгаси жедта.

Доколку му давате на детето само сок, може да нема желба да пие вода подоцна, а по долги активности, може да остане дехидрирано.

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-02.jpg

Го оставате детето во автомобил „на само 2 минутки“

Детето може да заспие по пат додека сте во автомобил, па не сакајќи да го разбудите, дозволувате да остане на само некоја минутка во автомобилот додека вие полните бензин, купувате нешто од продавница и слично.

Сепак, дури и кога не мислите дека температурите се екстремно високи, или кога мислите дека тоа што автомобилот претходно бил изладен, кога истиот е изложен на сонце се загрева неверојатно побрзо и снемува кислород.

Телото на детето се загрева 5 пати побрзо од телото на возрасен човек, па дури и 2 минути во такви услови некогаш може да бидат опасни и да доведат до топлотен удар.

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-03.jpg

Дозволувате да помине цел ден надвор

Иако е добро децата да не се затвораат дома, да излегуваат на воздух, да примаат сончева светлина и да го поминуваат времето во активности, сепак во лето, тоа не смее да биде цел ден.

Иако многупати сте го слушнале ова, сепак понекогаш се случува да направите исклучок, што не е дозволен во услови на топли денови.

Од 10 до 16 часот децата треба да бидат во затворен простор, а кога се надвор во топли денови, секогаш е препорачливо да носат капа и крема за сончање.

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-04.jpg

Мрежите на прозорците ги гледате како целосна заштита

Тоа што ги оставате прозорците ширум отворени за провев во домот, а комарниците ги гледате како заштита дека децата не може ништо да направат, и не е така добра идеја.

Децата се љубопитни, а мрежата не е никаква заштита, па сепак не ги оставајте сами додека истите се отворени и не го ставајте мебелот блиску до прозорите за да не може да ги докачат рачките.

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-05.jpg

Возење без кацига и заштита

Во лето децата почесто си играат надвор, возат велосипеди и тротинети, но родителите ретко им ставаат заштита.

Сепак, најдобро е да се водите по правилото дека без кацига не треба да се вози, па научете ги децата од мали да се грижат за безбедноста.

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-06.jpg

Им купувате влечки за на плажа

Децата на плажа поголемиот дел од времето го поминуваат во трчање и игра, па тоа не е пожелно да го прават боси на жешкиот песок, но ниту влечките не се најдобар избор.

Одберете гумени, затворени сандали, со дупки за ногата да дише, но со добар ѓон за на децата да им биде удобно, а да бидат заштитени од повреди.

sekojdnevni-greshki-koi-gi-pravat-roditelite-a-se-opasni-za-decata-vo-leto-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg