Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете

Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од почеток може да им биде тешко е да го сфатат тоа, но вие продолжете да објаснувате. Децата треба да разберат и дека понекогаш е во ред да ги прекинат возрасните, но само кога станува збор за нешто итно. Во спротивно, треба да чекаат пауза во разговорот. Кои се бон-тон правилата што секој родител треба да му ги каже на своето дете?

bon-ton-pravila-za-deca-kako-da-gi-nauchite-na-pravilno-odnesuvanje-ushte-od-mali-noze-01.jpg

Децата не се раѓаат со манири… Тие џвакаат со отворена уста, јадат со раце, фрлаат храна… а списокот може да биде уште подолг. Кај повеќето родители, вечерата со дете под 5 години е „неуреден момент“, а учењето на добри манири ќе им служи понатаму во животот, па затоа е важно да почнете да ги учите од мали нозе.

Зошто манирите се важни?

Манирите не значат да се каже само „ве молам“ и „благодарам“. Објаснете му на вашето дете дека манирите се начин да им покажат љубезност на другите луѓе.

Децата од предучилишна возраст се подготвени да учат. Се разбира, не се сите деца исти, но клучно е да го учите детето на некои работи, и тоа чекор по чекор, за да не го преоптоварите одеднаш, па да му создадете одбивност.

Она што исто така треба да го имате на ум е дека децата учат со гледање, имитирање и вежбање. Вие сте најдобриот пример за вашето дете, затоа погрижете се и самите да покажете добри манири, со цел да им дадете позитивен пример на вашите најмали.

bon-ton-pravila-za-deca-kako-da-gi-nauchite-na-pravilno-odnesuvanje-ushte-od-mali-noze-03.jpg

Важни манири кои децата треба да ги знаат

1. Чекајте го вашиот ред. Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од почеток, тешко е да го сфатат тоа, но вие продолжете да објаснувате. Децата треба да разберат и дека понекогаш е во ред да ги прекинат возрасните, но само кога станува збор за нешто итно. Во спротивно, треба да чекаат пауза во разговорот.

2. Извинете се. Понекогаш детето ќе треба да ве прекине во нешто, сакајќи да сподели нешто итно и важно. Во овие случаи, зборот „извинете“ е најљубезниот начин да се прекине разговорот.

3. Изразете благодарност. Научете го детето кога да изрази благодарност кон другите. На пример, откако ќе престојуваат во куќата на нивниот пријател, децата треба да се заблагодарат на пријателот и родителите за тоа што ги пречекале добро.

4. Тропнете на затворена врата. Ако вратата е затворена, детето треба задолжително да тропне пред да влезе. Но, притоа треба да се почека да се види дали има одговор, а потоа да се добие дозвола пред да се влезе некаде.

5. Не задевајте никој. Правилниот бон-тон подразбира да не се задеваат децата со никого, од која било причина. Иако тоа честопати може да се направи и како на шега, секој има различно ниво на чувствителност и некој може длабоко да се повреди.

bon-ton-pravila-za-deca-kako-da-gi-nauchite-na-pravilno-odnesuvanje-ushte-od-mali-noze-02.jpg

6. Држете ја вратата. Пристојно е да се држи вратата за други луѓе. Така, кога детето ќе помине низ врата, треба да погледне наоколу за да види дали треба да ја држи отворена за некој друг.

7. Понудете помош. Зборувајте им на децата дека учтиво е да им се помага на луѓето, без разлика дали се работи за родител, наставник, пријател, познаник, сосед…

8. Не коментирајте за физичките карактеристики на другите луѓе. Децата многу често знаат да дадат некои несоодветни коментари, а најчесто тие се ненамерни. Воведете им едно едноставно правило: Да не зборуваат гласно пред секого за физичките карактеристики на другите.

9. Претставете се. Бон-тонот на телефонот е исто така важен за децата. Научете ги да се претстават откако ќе се јават, а потоа да побараат да разговараат со личноста која им е потребна.

10. Не користете непријатни зборови. Научете ги децата дека не е во ред да користат непристојни и навредливи зборови, а најдобар пример сте вие, па потрудете се да не користите таков речник додека зборувате со нив.

bon-ton-pravila-za-deca-kako-da-gi-nauchite-na-pravilno-odnesuvanje-ushte-od-mali-noze-05.jpg

Манири на кои треба да ги научите децата кога се пред маса

1. Пред да седнете на маса, измијте ги рацете. Објаснете му на детето дека од особена важност се чистите раце, за да биде здраво. За почеток, мијте се заедно, користете некој интересен сапун и направете го сето тоа да изгледа повозбудливо.

2. Кажете „те молам“ и „благодарам“. Со ова ќе покажат почит и благодарност кон личноста што го подготвила и послужила јадењето.

3. Не зборувајте со полна уста. Никој не сака да ја види храната во устата. Потсетете го детето да земе помал залак или да ја проголта храната пред да зборува.

4. За време на јадењето, нема користење на телефони, таблети и телевизор. Тргнете ги сите уреди пред да почне јадењето и држете се до тоа. Така, не само што ќе покажат учтивост и почит, туку ќе му се овозможи на детето да ужива во храната и да комуницира со останатите членови.

5. Помогнете да се исчисти масата по оброкот. Охрабрете го детето така што ќе му кажете да ја носи својата чинија до кујната, а научете го и дека љубезноста и благодарноста може да се покажат со тоа што ќе помагаат.

bon-ton-pravila-za-deca-kako-da-gi-nauchite-na-pravilno-odnesuvanje-ushte-od-mali-noze-06.jpg

Бидете смирени и трпеливи

Запаметете дека кога ќе ги учите децата на одредени правила, мора да бидете трпеливи и целиот процес да го поминете смирено. Имајте предвид дека нема сè да научат уште веднаш. Тие ќе прават грешки, како и сите луѓе, а ако нешто не сакат да го прават на одреден начин како што им кажувате, пробајте повторно наредниот ден.

Клучот на сето ова е да се потсетите дека нема брзање и дека детето ќе учи од вашиот позитивен пример, а сето тоа ќе го сфати и ќе го примени кога ќе биде подготвено. Ваше е да не се откажувате и да вложите во вистинските вредности!

bon-ton-pravila-za-deca-kako-da-gi-nauchite-na-pravilno-odnesuvanje-ushte-od-mali-noze-07.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg