„Дружете се со луѓе што имаат добар брак“ и уште 9 корисни совети за бракот
„Ако го ставите бракот на прво место – и децата и вашиот брак ќе имаат корист. Ако ги ставите децата на прво место – и вашиот брак и вашите деца најверојатно ќе страдаат“.
Да опстане еден брак на долг рок е навистина макотрпна работа. Потребни се многу компромиси и труд бракот да се стави на прво место.
За да опстанете мора да си ветите дека никогаш нема да се откажете еден од друг.
Корисни совети за бракот:
„Добрите бракови се заразни. Опкружете се со луѓе кои имаат добар брак“.
„Во бракот, најверојатно само 10% од кавгите се поради разлика во мислења, а 90% се поради тоа што некој користи погрешен тон на глас“.
„Ако и после години во брак се штипнувате еден со друг за задниците, тогаш веројатно ги правите работите во бракот на вистинскиот начин“.
„Бракот е одлука. Тоа е одлука дека ќе му бидете посветени некому низ годините и одлука која нема да ви се базира врз тоа во какво расположение ќе станете наутро“.
„Вашиот брак ќе влијае на вашите деца, тие ќе учат за бракот од вас, па немојте да бидете пред нив само татко и мајка, бидете маж и жена“.
„Не го коригирајте вашиот брачен партнер пред другите, така ќе покажете непочит кон него. Коригирајте го дома на само“.
„Ако го ставите бракот на прво место – и децата и вашиот брак ќе имаат корист. Ако ги ставите децата на прво место – вашиот брак и вашите деца најверојатно ќе страдаат“.
„Совршениот брак всушност не е совршен, само е брак каде двајца луѓе одбиваат да се откажат еден од друг“.
„Добар брак се состои од три работи: креирање спомени заедно, простување на грешките и ветување дека нема да се откажете еден од друг“.
„Да се биде посветен на бракот е многу повеќе од тоа да се биде верен на брачниот сопатник. Да се биде посветен значи бракот и брачниот партнер да се ставаат на прво место“.
С. С. | Црнобело