Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“

„Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на родител и вложeте напор да бидете добар партнер, колку што вложувате во тоа да бидете добар родител“, вели Кејтлин Фладаџер од Ванкувер.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-01.jpg

Кејтлин Фладаџер e сопруга и мајка од Ванкувер, град во Канада, кој се наоѓа во покраината Британска Колумбија.

Таа со своите 974.000 следбеници на Фејсбук постојано споделува детали од своето секојдневие и семеен живот.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-04.jpg

Една од нејзините објави на тема колку лесно можеме да се загубиме во улогата на родител и да заборавиме на улогата сопруг/а во бракот стана вирална и навистина поттикнува на размислување.

Објавата на Кејтлин за бракот:

„Добивањето дете ја менува вашата љубовна врска, но запомнете, кога децата ќе пораснат и ќе се отселат, сè што ќе ви остане сте си вие еден на друг.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-02.jpg

Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на родител.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-11.jpg

Потрудете се да вложите исто толку напор во тоа да бидете добар партнер, колку што вложувате во тоа да бидете добар родител.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-03.jpg

Бакнувајте се секое утро и вечер, планирајте состаноци и запомнете дека вашиот партнер ви е најдобар пријател.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-05.jpg

Немојте да сте толку презафатени со тоа да бидете родител, до степен да заборавите да бидете сопруг/а исто така.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-06.jpg

Затоа што еден ден, вашите деца ќе се отселат и повторно ќе бидете само вие двајцата.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-07.jpg

Јас секогаш ќе му давам приоритет на бракот, подеднакво како на тоа да бидам мајка, а некои денови можеби дури и малку повеќе“.

viralna-objava-na-edna-majka-potrudete-se-da-bidete-dobar-brachen-partner-a-ne-samo-dobar-roditel-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg