„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“

„Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но не е така. Јас уште од младоста планирав доцна да имам дете. Знаев дека во 20-тите години не сакам да се ограничувам на поле кариера, патувања, забава, партнери...“

znaev-deka-da-se-ima-dete-e-menuvanje-na-zhivotot-od-koren-i-ne-go-sakav-toa-vo-20-tite-godini-01.jpg

Кој е вашиот став на тема родителство? Дали сметате дека дете треба да се добие во 20-тите години од животот или подоцна?

Луѓето кои се одлучуваат за деца подоцна во животот понекогаш се мета на критики.

Но, во искрени исповеди за Buzzfeed тие откриваат зошто воопшто не се каат за својата одлука.

Исповеди на луѓе кои станале родители подоцна во животот (и се среќни поради тоа):

„Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но не е така. Јас уште од младоста планирав доцна да имам дете.

Знаев дека во 20-тите години не сакам да се ограничувам на поле кариера, патувања, забава, партнери и дека бебе на овие години ќе ми биде товар (говорам за мене, не ме напаѓајте).

Не ги осудувам луѓето кои сметаат дека е добро рано во животот да се стане родител, но едноставно тоа не беше за мене“.

znaev-deka-da-se-ima-dete-e-menuvanje-na-zhivotot-od-koren-i-ne-go-sakav-toa-vo-20-tite-godini-02.jpg

„Пораснав во мал град каде сите рано стапуваа во брак и добиваа деца и повеќето сметаа дека сум себична што не сакам деца.

Отсекогаш знаев дека да се има дете е комплетно менување на животот од корен и не дека бев себична, но едноставно не бев подготвена за тоа.

Мислам дека сега сум многу подобра мајка, отколку што ќе бев во младоста“.

„Луѓето секогаш мене и сопругата нè прашуваат дали нашите деца ни се внуци и мислат дека немаме енергија за да си играме со нив.

Но, всушност токму тоа што добивме деца подоцна во животот е клучно за искрата која гори во нас, за тоа што попосветено се грижиме за нашето здравје и сме поактивни од сите наши врсници“.

„Имам повеќе трпение и пари отколку што имав во 20-тите, па сосема ми е во ред што добив деца на подоцнежна возраст“.

С. С. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Знаев дека да се биде мајка е тешко, но не знаев дека тоа е најтешката работа на светот Знаев дека ќе бидам уморна. Но не сфаќав колку ќе биде истоштувачко. Знаев дека ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg