Знаев дека да се биде мајка е тешко, но не знаев дека тоа е најтешката работа на светот

Знаев дека ќе бидам уморна. Но не сфаќав колку ќе биде истоштувачко. Знаев дека ќе ги преиспитувам моите избори. Но не сфаќав дека грижата ќе ми биде константен сопатник.

znaev-deka-da-se-bide-majka-e-teshko-no-ne-znaev-deka-toa-e-najteshkata-rabota-na-svetot-01.jpg

Знаев дека да се биде родител е тешко.

Но не сфаќав дека тоа е најтешката работа што некогаш ќе ја направам.

Знаев дека ќе се грижам.

Но не сфаќав колку многу ќе ме боли срцето.

Знаев дека ќе правам грешки.

Но не сфаќав колку често ќе ги правам.

Знаев дека ќе бидам уморна.

Но не сфаќав колку ќе биде истоштувачко.

Знаев дека треба да учам многу како да бидам мајка.

Но не сфаќав дека ништо не може да ме подготви за тоа.

znaev-deka-da-se-bide-majka-e-teshko-no-ne-znaev-deka-toa-e-najteshkata-rabota-na-svetot-02.jpg

Знаев дека ќе ти требам дете мое.

Но не сфаќав колку многу ти ќе ми бидеш потребно мене.

Знаев дека ќе ги преиспитувам моите избори.

Но не сфаќав дека грижата ќе ми биде константен сопатник.

Знаев дека ќе те сакам,

Но не сфаќав дека таа љубов ќе биде толку моќна.

Знаев дека ќе те учам.

Но не сфаќав дека ти ќе бидеш мојот најголем учител.

Знаев дека животот ќе ми се промени.

Но не сфаќав дека ти ќе ме промениш мене засекогаш.

Извор /  фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg