Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме во воспитувањето на децата

Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најчестите грешки што ги правиме со децата?

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-01.jpg

„Еј, полесно е со повеќе деца – постарите се грижат за помалите“, „Ќерка ми ми е најдобра другарка и секогаш ми е тука да ми даде поддршка“, „Моите деца знаат сѐ за нашата финансиска состојба дома“...

Колкупати сте ги слушнале овие тврдења од повозрасните, па верувате дека тие се добри и издржани, па дури и ги применувате?

Постарите деца треба да се грижат за помалите

Можеби верувате дека на овој начин го правите поголемото дете поодговорно, но ниту самите не сме свесни колкав е товарот што му го наметнувате.

Во ред е понекогаш да побараме помош од постарите деца, но навистина не е во ред да им наметнуваме обврски и да очекуваме тие да се грижат за помалите браќа и сестри како да им се родители.

Тие не се доволно возрасни за тоа, им го уништуваме односот со помалите браќа и сестри терајќи ги да бидат одговорни и, на крај, им го уништуваме детството.

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-02.jpg

Децата треба да бидат емоционална поддршка за родителите

Колку и да ви се чини оправдано тоа што за сите свои проблеми и маки разговарате со децата, сепак треба да имате предвид дека на тој начин ги изложувате на непотребен стрес.

Децата имаат потреба да се чувствуваат заштитено и безбедно, а ако забележуваат дека родителот не е емотивно стабилен, тоа само ја зголемува нивната несигурност и креира револт.

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-03.jpg

Им се жалите дека немате пари

Децата не се одговорни за вашата финансиска состојба. Затоа, нема потреба да слушаат како ние се жалиме дека едвај сврзуваме крај со крај.

Наша обврска како родители е да најдеме начин да го обезбедиме тоа што е потребно во домот, а децата треба да уживаат во детството, наместо да се опседнуваат и да стравуваат што ќе се случи со нив.

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-05.jpg

Очекувате да создаваат ред во домот и да се грижат за сите обврски затоа што вие не можете

Во ред е понекогаш да побарате од детето да ви помогне за некои работи, но не можете да очекувате тоа да биде целосно одговорно за редот, да поставува правила во домот и само да внимава на сѐ, затоа што вие сте презафатени.

Впрочем, како ќе го научите детето да биде одговорно, ако вие самите сте неодговорни?

 gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-06.jpg

Очекувате да бидат судија во расправиите со партнерот

Ниту едно дете не сака да гледа и да слуша како неговите родители се расправаат. Уште понеблагодарно е да барате тоа да зазема страна.

Ниту едно дете нема да се чувствува пријатно ако треба да одбрани ставови на еден родител, а да го отфрли другиот.

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-07.jpg

Очекувате сами да се заштитат од возрасни луѓе

Детето е одговорност на родителите сѐ додека не стане полнолетно. Оттука, наша обврска како родители е да му обезбедиме стабилен дом и заштита.

Не можеме да очекуваме дека тоа само мора да биде свесно и да се заштити од други повозрасни луѓе.

Сами како родители треба да бидеме особено внимателни кого пуштаме во животот на нашите деца.

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-09.jpg

Очекувате сами да се сетат што треба да направат

Фразите од типот „глуп си?“, „како не ти текнува?“ и слично се само одраз на нашиот потенцијал како родители.

Едно е да барате детето да биде креативно и само да наоѓа решенија за некои проблеми што претходно сте му ги објасниле, а друго е да го фрлите „во оган“ и да очекувате дека само мора да знае како да го најде излезот, па и да му се потсмевате затоа што не се сетило само.

gi-optovaruvame-so-finansiskite-problemi-ochekuvame-premnogu-od-niv-najchesti-greshki-shto-gi-pravime-vo-vospituvanjeto-na-decata-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg