Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема потреба од повеќе“

„Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истушира, тогаш може, но сметам дека за децата нема потреба од почесто туширање“, вели мајка на шест деца која ја подели јавноста со нејзиниот начин на воспитување.

majka-na-6-deca-ja-razbranuva-javnosta-im-dozvoluvam-da-se-tushiraat-samo-dvapati-nedelno-nema-potreba-od-povekje-01.jpg

Шерон Џонсон е мајка на шест деца, како и инфлуенсерка. На Инстаграм има над 171.000 следбеници, а на ТикТок – повеќе од половина милион.

Шерон најчесто споделува детали од нејзиното секојдневие, како и совети за родители.

Нo, додека повеќето нејзини видеа се добри прифатени, неодамна предизвика лавина реакции со една своја објава.

Во видеото таа открива како се справува со домашните обврски како мајка на шест деца.

majka-na-6-deca-ja-razbranuva-javnosta-im-dozvoluvam-da-se-tushiraat-samo-dvapati-nedelno-nema-potreba-od-povekje-02.jpg

Додека повеќето работи што ги сподели ги применуваат скоро сите родители, она што го критикуваат многумина е фактот дека таа им дозволувала на децата да се тушираат само двапати неделно.

„Јас сум мајка на шест деца и ова се дел од работите што ги правиме дома за да го направиме животот малку полесен“, го почнува Шерон своето видео.

Дел од правилата што ги поставила Шерон:

Децата можат да користат технологија само во вторник и четврток, и тоа не повеќе од еден час.

Децата добиваат бакшиш во зависност од нивната возраст. Односно, децата кои се пет години - добиваат пет долари, децата кои се шест години - добиваат шест долари…

majka-na-6-deca-ja-razbranuva-javnosta-im-dozvoluvam-da-se-tushiraat-samo-dvapati-nedelno-nema-potreba-od-povekje-04.jpg

Децата не смеат да преспиваат кај другарчиња, а ни во нивниот дом не смеат да преспиваат нивни другарчиња.

Секој е одговорен за две домашни обврски кои треба да си ги завршува во текот на целата година.

majka-na-6-deca-ja-razbranuva-javnosta-im-dozvoluvam-da-se-tushiraat-samo-dvapati-nedelno-nema-potreba-od-povekje-05.jpg

Постарите деца се грижат за помалите, но добиваат и пари за тоа.

Децата можат да користат телефон дури откако ќе наполнат 12 години.

И, правилото што го подели мислењето на јавноста – денови за туширање се само недела и среда. Шерон вели дека прави исклучоци ако на некој навистина му треба да се истушира во друг ден, но истакнува дека туширањето двапати неделно е сосема доволно за децата.

majka-na-6-deca-ja-razbranuva-javnosta-im-dozvoluvam-da-se-tushiraat-samo-dvapati-nedelno-nema-potreba-od-povekje-03.jpg

Дел од корисниците не гледаат ништо лошо во тоа што децата се бањаат само двапати неделно.

„Кога бев мала, мајка ми ме бањаше еднаш неделно. Тогаш децата се однесуваа добро во јавност, ретко имаа алергии на храна, не беа болни и не трчаа низ дома“.

„Па, не е така лоша идеја, особено со шест деца. Замислете колкава им е сметката за вода“.

„Секојдневното туширање не е здраво за нашите коса и кожа. Најдобро е да се бањате на секои два-три деца со студена вода, наместо секој ден со жешка вода!“

majka-na-6-deca-ja-razbranuva-javnosta-im-dozvoluvam-da-se-tushiraat-samo-dvapati-nedelno-nema-potreba-od-povekje-06.jpg

Други не се согласуваат со мајката:

„Искрено, мислев дека сите се бањаат секој ден, додека не ги прочитав коментарите. И, шокиран сум…“

„Во класот на син ми имаше дете кое се бањаше само еднаш неделно и син ми ми кажа дека никој не сакал да седи до него бидејќи мирисал лошо. Можеби правилото е во ред за многу мали деца, но кога ќе пораснат малку, треба да се бањаат повеќе“.

„Јас ги бањав моите деца секој ден. Така бев воспитана, а така ги воспитав и нив“.

„Јас сум најстарото од шест деца, со родителите бевме вкупно осум дома и се туширавме секој ден. Жал ми е за твоите ќерки, што ќе прават кога ќе добијат менструација…“

Погледнете го видеото:

@sharon.a.life

This makes me aound really put together and strict but really we’re just always barely keeping our heads above water, and all of this helps with that! #bigfamilylife #momlife #motherhood #momtips #momsoftiktok

♬ original sound - Sharon.a.life

Што мислите вие – Дали туширањето двапати неделно е сосема доволно за деца или сепак треба многу почесто?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg