Србинка води бајковит живот во Калифорнија - сопруг богат наследник, 3 деца (фото)

Ивана за себе вели дека е горда Србинка, која живее во Калифорнија, и мајка на 3 деца, која ја ставила кариерата на пауза за да се посвети на семејството. „Јас се оженив за жената од моите соништа и и по 14 години брак сум најсреќниот човек на светот“, вели нејзиниот сопруг.

soprug-milioner-3-deca-srbinka-vodi-bajkovit-zhivot-vo-kalifornija-foto-01.jpg

Ивана Божиловиќ (44) од Белград, Србија уште како дете се преселила во Чикаго, а веќе 14 години е во брак со Ендрју Фајрстон, бизнисмен, ТВ лик и потомок на основачот на компанијата за гуми „Firestone Tire and Rubber Company“.

Парот има 3 деца заедно и води бајковит живот во Калифорнија. Ивана покрај како модел, има работено и како актерка.

soprug-milioner-3-deca-srbinka-vodi-bajkovit-zhivot-vo-kalifornija-foto-02.jpg

Ендрју постојано вели дека се оженил за жената од неговите соништа и дека и по толку години брак уште се чувствува како најсреќниот човек на светот и не би променил апсолутно ништо.

Во една пригода тој објави фотографија од неа во чиј опис напиша:

„Кога Ивана и јас почнавме да се состануваме пред повеќе од 15 години, јас ја придружував и седев трпеливо на продукцискиот сет, додека таа константно снимаше и закажуваше рекламни кампањи. Всушност, јас бев нејзина придружба на првото појавување на црвениот тепих заедно за време на филмска премиера на Менхетн.

Две години подоцна, Ивана направи неверојатна жртва за мене и нашето семејство и ја стави нејзината кариера на пауза кога се отселивме од Лос Анџелес. Таа го направи тоа за да ми даде поддршка и да ги воспитува нашите 3 деца. Не минува ниту ден, а да не се сетам колку сум среќен поради нејзината посветност.

Но, сега Ивана се врати пред камерите и не можам да бидам погорд на неа. Мислам дека нејзиниот агент никогаш не помисли дека преселбата на село и растењето на нејзините деца таму беше мудар избор кога станува збор за кариерата, но мислам дека јас верував.

И, ете ја повторно. Злато, не грижи се, децата стигнаа до училиште и им спакував и појадок.“

Повеќе фотографии од прекрасното семејство:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со емотивна исповед за синот (5): „Кај него видов промени на неполни 2 години - прест... „Конкретни промени кај Василиј видов на негови неполни две години и тогаш одлучи...
Која е убавицата што го носи прекарот „Србинката со најдолги нозе“? Атрактивната долгонога бринета Весна Милосављевиќ живее и гради кариера во Шпани...
Бејби бум во Амиџи шоу: По Огњен Амиџиќ и неговата водителка на одмор со сексапилниот сопруг и бебет... Со 4 години помладиот сопруг и ќерката, водителката Тијана Стоисављевиќ Милутино...
Северина, Марија Шерифовиќ: Регионални ѕвезди кои секогаш истакнуваат колку се горди на своите мајки Сите ги сакаат своите мајки, но дел од регионалните ѕвезди дефинитивно се пример...
Запознајте ја српската Марго Роби - Доби вонбрачно дете со еден српски фудбалер, па се омажи за друг Убавата русокоса со полни усни ја споредуваат со холивудската дива Марго Роби......
Студирала археологија, наскоро ќе стане мајка – Која е убавата Нала од серијата „Девојката од прозор... Бурџу Бириџик глуми во турската серија „Девојката од прозорецот“, но знаевте ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg