Случка од Грција со 10-годишен продавач на плажа: „Имав кнедла во грлото додека се оддалечуваше од нас“
- Детали
- петок, 22 јули 2022
Србин раскажува ситуација од неговото летување во Грција и дава убава поука: „На плажа во Неа Ираклица доаѓа мал Африканец од едвај 10 години, убав како кукла и љубезно нуди алки и слично. Ова чини 5 евра, го купив за мојата ќерка, која е негов врсник… Ние наоколу на лежалките уживаме безгрижни како деца, а тој дете со свои грижи.“
Јанко Павловиќ од Србија на својот Фејсбук профил сподели случка од неговото летување во Грција, со прекрасна поука, и стана вирален хит.
Неговата објава, која веруваме ќе ве трогне, а можеби и освести и вас:
„На плажа во Неа Ираклица доаѓа мал Африканец од едвај 10 години, убав како кукла и љубезно нуди алки и слично. Оваа (на фотографијата) чини 5 евра, ја купив за мојата ќерка, која е негов врсник.
фото: Јанко Павловиќ
Му давам 6 евра за да го почестам, тој мисли дека сум му дал по грешка и ми враќа едно евро. Не е крадец, туку продавач.
Му велам „Не, не, во ред е“ и тој дури тогаш ми се заблагодари и продолжи понатаму.
Ја влече онаа торба поголема од него, низ песокот на повеќе од 30 Целзиусови степени и заработува за живот. Ние наоколу на лежалките уживаме безгрижни како деца, а тој дете со свои грижи.
Ја гледам својата ќеркичка, синот, сопругата и се обидувам прво себе во главата, па на нив да им објаснам колку среќа имаме.
Но, не успевам!
Само гледам како малото момче се оддалечува од нас и имам кнедла во грлото.
Не го напишав ова за да ви го расипам летувањето, но да ви кажам да не се нервирате за лошото сместување, за тоа дека плажата е далеку или имало гужва на граница. Нам сè ни е во ред, па и повеќе од тоа.
А вам ако ви затреба ваква алка, знаете од кога и каде да ја побарате.“
С. С. | Црнобело