Девојката на Бака Прасе покажа дека е домаќинка: Сама си сплете нови бикини на плажа (видео)
- Детали
- вторник, 18 јуни 2024
„Конечно да направиш нешто паметно на плажа“ – коментираат следбениците на Ања Бла. Погледнете каков костим за капење си сплете таа додека се излежуваше на сонце...
Српската инфлуенсерка Ања Благојевиќ, која е во врска со најпознатиот српски јутјубер Бака Прасе, деновиве ужива на море, а покажа дека не е само разгалена девојка која по цел ден се слика, туку е мошне креативна и знае и сама да си направи по некое парче облека.
Наместо да купува нови бикини, додека уживаше на плажа, таа сама со една игла си сплете провокативни бикини со дупчиња, а ги декорира со мониста и синџирчиња.
Забележително е дека горниот дел од новото бикини многу подобро го покрива горниот дел од нејзиното тело, за разлика од минијатурното црвено бикини што го носеше претходно.
Погледнете го видеото од изработката на новото бикини:
На голем дел од нејзините следбеници им се допадна идејата, па ја пофалија нејзината креативност, а други пак ѝ напишаа:
„Конечно да направиш нешто паметно на плажа, наместо по цел ден да го фотографираш задникот!“
Инаку, пред неколку месеци, откако нејзиниот дечко објави дека се соочува со големи финансиски проблеми, веднаш почнаа да кружат гласини дека парот раскинал, особено затоа што Ања не се фотографираше во нивниот заеднички стан за кој јутјуберот потроши 2 милиони евра.
Оваа вест никогаш не беше потврдена од парот, а Ања во последните неколку месеци постојано објавува фотки од патувања.