Ги продава сите автомобили, тврди дека останал без пари – Што се случува со јутјуберот Бака Прасе?
- Детали
- четврток, 21 март 2024
Бака Прасе наводно ги продава сите свои автомобили за да ги отплати долговите, а има и гласини дека неговата девојка Ања Бла повторно го оставила и си заминала од заедничкиот стан. Што се случува со контроверзниот српски јутјубер, кој повторно се најде среде скандал?
Контроверзниот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, деновиве повторно е во фокусот на јавноста во Србија откако на Инстаграм Стори почна да објавува содржини во кои моли за помош.
Тој објави фотографија од огласи на кои ги продава своите скапи автомобили.
Пред само неколку месеци Бака Прасе се фалеше со луксузниот начин на живот и со новиот стан што го купил, а кој чини 2 милиони евра.
Тој тврдеше дека само на ручек троши по 500 евра, а сега објави дека се нашол во големи долгови и моли за помош.
Тој пред неколку дена на Инстаграм Стори објави дека се нашол во големи финансиски проблеми, па напиша:
„Многу пари по**ав и многу се задолжив, немам од каде да создадам пари и не можам да се вратам додека не решам сѐ. Многу испаднав глуп и сѐ успеав да засе*рам“ – напиша тој.
Српските медиуми, повикувајќи се на изјави на негови блиски пријатели тврдат дека јутјуберот се нашол во огромни коцкарски долгови.
Иако многумина сметаат дека Бака Прасе пак прави маркетинг трик, неговиот пријател Стефан Делиќ во еден подкаст рече дека не станува збор за лага:
„И сами можете да видите што сѐ купуваше тој. Се ‘завози’ и тоа е најголемиот проблем кога ќе те ‘завозат’ тие пари, мора да застанеш малку со бистра глава.
Колку повеќе имаш, толку повеќе посакуваш, те влече... Сѐ повеќе и повеќе“ – рече пријателот на Бака Прасе.
Додека неговите пријатели јавно ја потврдуваат неговата приказна, Бака Прасе на Инстаграм Стори објави фотка од оглас на која се гледа дека ги продава скапите автомобили, а како што вели ситуацијата е итна и мора да ги продаде по намалена цена:
„Под итно. Цените се спуштени максимално“ – напиша тој до фотката од огласите.
Инаку, додека јујтјуберот мака мачи со долговите, се чини дека тој има и други проблеми.
Неговата девојка Анја Благојевиќ објави нови видеа на кои се гледа дека позира во друг стан и дека веќе не е во луксузниот пентхаус каде што живееше со нејзиниот дечко, кој пред две години ѝ купи прстен кога се смирија.
Таа го отследи Бака Прасе на социјалните мрежи, а на ТикТок објави видео на кое позира со нови очила, но нејзините следбеници веднаш забележаа дека нешто не е во ред:
„Мене ми се чини дека секојпат кога Бака банкротира, таа си заминува и целата нејзина голема љубов завршува“;
„Штом Бака е во тежок период, таа веднаш оди во некој нов стан“;
„Бака ги потроши парите, таа се снима“ – стои во дел од коментарите.
@anjablaa 🖤
♬ how i love being a woman - editdiaary
За потсетување, ова не е првпат Ања и Бака да раскинат во ек на скандал.
Истото се случи и пред две години кога јутјуберот се најде во „небрано“ заради самоубиството на младата јутјуберка Кристина Ѓукиќ.
Б. С. Б. | Црнобело