„Таа остана во мојот стан, јас се отселив“ – Детали за раскинувањето на Бака Прасе и Ања Бла

„Можеби ја губам љубовта на својот живот, но чувствувам дека нешто ми недостига додека сум со неа“ – рече меѓу другото Бака Прасе, во своето видео во кое објасни зошто раскинал со девојката на која пред година и пол ѝ купи дијамантски прстен и ѝ се заколна на вечна љубов.

ja-moleshe-da-se-smirat-i-kupi-dijamantski-prsten-sega-svrte-nova-stranica-baka-prase-objasni-zoshto-raskinal-so-devojkata-01.jpg

Најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе на социјалните мрежи објави дека пред 20-тина дена раскинал со девојка му Ања Бла.

Нивните следбеници подолго време ширеа гласини за односот помеѓу нив, но сега Бака Прасе потврди дека тие двајца веќе не се заедно.

ja-moleshe-da-se-smirat-i-kupi-dijamantski-prsten-sega-svrte-nova-stranica-baka-prase-objasni-zoshto-raskinal-so-devojkata-02.jpg

Тој објави подолго видео на неговиот канал на Јутуб каде ги објасни сите причини зошто одлучил да стави крај на врската.

„Повеќето од вас ќе мислат дека пак се шегувам, затоа што ве излажав дека сум пропаднал, ја измислив драмата со Војаж, но ова не е местенка.

Така е како што е. Не сакам да должам премногу, сакам да кажам како се чувствувам.

Ќе ви ја откријам и причината, но пред сè сакам да ѝ се заблагодарам на Ања затоа што ми внесе нешто ново во животот, а тоа е љубовта.

Љубов каква што не сум почувствувал. Исто така ѝ благодарам, затоа што ме научи да сакам, затоа што пред неа не сум сакал ниту една друга“ – започна јутјуберот.

ja-moleshe-da-se-smirat-i-kupi-dijamantski-prsten-sega-svrte-nova-stranica-baka-prase-objasni-zoshto-raskinal-so-devojkata-03.jpg

Тој рече дека раскинале пред 20-тина дена, по што следувал непријатен период.

Бака Прасе вели дека бил во скапиот стан што го купи за да живеат заедно, додека таа била на море, а откако се вратила тој се преселил во апартман, а Ања ќе остане таму додека не најде друго сместување.

Како причина за раскинувањето наведе дека сфатил дека сака повеќе да се посвети на кариерата и на видеата што ги објавува на Јутјуб.

„Кога влегов во врска со Ања, јас влегов во зона на комфор, секој допир, поглед, ми беше преубаво…

Покрај тоа што ми беше девојка, таа ми беше и најдобар другар.

Помалку се посветував на работата и на себеси. Таа не е виновна за тоа. Туку јас се чувствував така.

Тоа почна да ме потиснува подолго време. Ми се јави таа желба да се вратам на старото, да се посветам на себеси и на Јутјуб.

Искрено, многу ми е тешко, затоа што сум толку опуштен со неа. Не очекувам голем број од вас да ме разберат. Јас во врската имам блокада, што ми оневозможува да се посветам на Јутјуб и на снимањето во живо.

Таа блокада ми оневозможува и тешко е тоа да се објасни и да се разбере, но Јутјуб е мојот живот“ – вели Бака Прасе.

ja-moleshe-da-se-smirat-i-kupi-dijamantski-prsten-sega-svrte-nova-stranica-baka-prase-objasni-zoshto-raskinal-so-devojkata-04.jpg

„Звучи себично но таа не е виновна. Можеби ја правам најголемата грешка, можеби ја губам љубовта на својот живот, но чувствувам дека нешто ми недостига додека сум со неа“ – нагласува јутјуберот.

ja-moleshe-da-se-smirat-i-kupi-dijamantski-prsten-sega-svrte-nova-stranica-baka-prase-objasni-zoshto-raskinal-so-devojkata-05_copy.jpg

На следната страница прочитајте што одговори Ања...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg