Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден 2 милиони евра
- Детали
- понеделник, 01 јануари 2024
„Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели девојката на Бака Парсе, Ања Бла. Таа се пофали со раскошните новогодишни декорации во нивниот нов дом.
Најпознатиот српски јутјубер, Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе неодамна се пофали дека купил стан од 2 милиони евра, а сега неговата девојка се пофали и со раскошната новогодишна декорација.
Неговата девојка Ања Благојевиќ, ја покажа џиновската елка. Облечена во црвен фустан и со капа на Дедо Мраз, таа покажа како сама ја декорира елката.
Елката е со височина од 3 метри, а парот откри дека за неа издвоиле околу 1.500 евра.
„Два дена ја китев оваа џиновска елка. Потрошивме нешто помалку од 1.500 евра за елката. Самото дрво чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели Ања.
Таа призна дека за декорациите ѝ помогнала нејзината мајка, но и мачорот Теди.
За потсетување, Бака Прасе и Ања Бла се заедно до 2019-та година. Тие раскинаа еден подолг период, а потоа се смирија и јутјуберот ѝ даде прстен во знак на неговата посветеност.
Инаку, Бака Прасе се пофали дека нивниот нов дом се простира на површина од 300 метри квадратни, а таму живее со својата девојка и нивниот мачор.
Погледнете повеќе фотки во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело