„Таа остана во мојот стан, јас се отселив“ – Детали за раскинувањето на Бака Прасе и Ања Бла
Веднаш по неговото видео се огласи и Ања Бла која на својот Инстаграм профил објави подолг одговор кон неговите тврдења.
„Знаете како велат, жената својата лојалност и љубовта кон мажот ја докажува додека тој е на ’нула‘, кога ќе остане без ништо.
Можеме да се сложиме дека тоа е вистина. А знаете ли што е уште поголема вистина за која малку се зборува?
Мажот на жената ѝ се докажува кога има моќ и пари, кога е на врвот. Јас секогаш бев со Богдан.
Што и да се случеше, секогаш останував со него и му бев поддршка. Јас својот ’тест‘ го поминав повеќепати. Тој падна на неговиот ’тест‘. Можеби се трудел, но не успеал“ – вели таа.
Ања вели дека самото тоа што јутјуберот ѝ раскинал за да заработи повеќе пари, ќе помогне да престанат лошите коментари упатени кон неа дека таа е со него само за пари и дека го искористува, затоа што ѝ пречеле таквите пишувања.
„Искрено, камо среќа да сте во право. Камо среќа да бев спонзоруша и само да го искористував.
Но, не. Сепак сум чесна личност што со него беше само заради љубов.
Откако на мојата добрина и посветеност кон една личност ми беше возвратено вака, верувајте ми дека повеќе би сакала да сте во право“ – вели Ања.
И таа потврди дека не станува збор за местенка и дека овојпат навистина е крај меѓу нив двајца.
Инаку, Бака Прасе и Ања еднаш веќе раскинаа во јануари 2022-ра година, кога јутјуберот беше вовлечен во скандалите по смртта на младата јутјуберка Кристина Ѓукиќ.
Една година подоцна, на 1-ви јануари во 2023-та Бака Прасе приреди романтична вечера и со дијамантски прстен побара од Ања да се смират.
Прочитајте и Девојката на Бака Прасе покажа дека е домаќинка: Сама си сплете нови бикини на плажа (видео)
Б. С. Б. | Црнобело