Бака Прасе се фали со стан вреден милиони, а должи 50.000 евра – Гласини дека неговите ресторани целосно пропаднале

Додека Бака Прасе се фали со луксузот во кој живее и елката од 1.500 евра, неговите ресторани се под катанец, а вработените не се на работа. Зошто пропаднал синџирот ресторани за брза храна на најпознатиот српски јутјубер?

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-01.jpg

Најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, во изминатиот период се фалеше со новиот стан во кој вложил околу 2 милиона евра.

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-02.jpg

И додека тој се фали со луксузот во кој живеат со неговата девојка Ања Бла, српските медиуми пишуваат дека неговите ресторани за брза храна се под катанец заради неподмирените долгови кои достасале до сума од 50.000 евра.

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-03.jpg

Како што пишува српскиот портал „Republika“, повикувајќи се на сопствени извори, Богдан поседувал синџир ресторани за брза храна кои се сместени на неколку прометни локации низ Белград, кои се препознатливи по името „Код Баке“.

Но, во изминатите денови, овие ресторани се целосно затворени, внатре нема никого, а на локалите нема известување зошто не работат.

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-04.jpg

Според неофицијални сознанија на медиумот, заради огромните долгови, фирмата била блокирана во изминатите 28 дена.

Други, пак, тврдат дека сопственик на рестораните не е Богдан, туку Урош Грујевиќ, а јутјуберот служи само како заштитно лице и ги рекламира, но извори блиски до него тврдат дека и тој има сопственички удел.

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-05.jpg

Инаку, ова не е првпат да има скандали поврзани со рестораните на Бака Прасе. Претходно неколку негови објекти биле затворани од страна на инспекцијата.

Во Нови Сад, инспекцијата го затвори објектот откако беше утврдено дека се кршат законски пропишаните санитарни услови.

Минатата година, пак, еден од објектите во Белград беше запален со молотов коктел.

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-06.jpg

Од друга страна, Бака Прасе на својот Јутјуб канал објавува видеа во кои го покажа секој агол од неговиот нов стан, а девојка му Ања Бла се фалеше со луксузните новогодишни декорации и елката која чинела 1.500 евра.

baka-prase-se-fali-so-stan-vreden-milioni-a-dolzhi-50-000-evra-glasini-deka-negovite-restorani-celosno-propadnale-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
„Таа остана во мојот стан, јас се отселив“ – Детали за раскинувањето на Бака Прасе и Ања Бла „Можеби ја губам љубовта на својот живот, но чувствувам дека нешто ми недостига ...
„Трошам по 500 евра за ручек“ – Бака Прасе се фали со луксузниот живот, по вестите дека должи 50.000... „Ми се промени вкусот и сакам да уживам во скапи работи. Јас возам Lamborghini с...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
По разделбата со Бака Прасе, Ања Бла си обезбеди нов стан и се пофали со луксузот (видео) Ања Бла изгледа дека по разделбата со Бака Прасе, тргна по неговите стапки, па с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg