Бака Прасе го покажа луксузниот стан од 5 милиони евра - пентхаус дуплекс од 420m2 (видео)
- Детали
- среда, 21 август 2024
„Ова е еден од најголемите станови во градот, има 4 купатила, 3 спални соби, гардеробери. Кујната е прекрасна, ама јас тука нема да правам ништо. Најскапиот дел од станот е дневната соба - купив полуконцертен клавир и изгледа лудачки скапо“, вели тој.
Контроверзниот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, реши на своите следбеници да им го покаже новиот стан, кој се наоѓа во најелитниот дел на Белград, комплексот „Београд на води“.
Тој реши да ги „прошета“ низ станот своите следбеници, па сними видео од луксузот во кој живее последниве неколку месеци, откако раскина со девојката Ања Бла и се отсели од заедничкиот дом.
Станот е дуплекс од 420m2 и е пентхаус, односно се наоѓа на најгорниот кат на зградата.
Јутјуберот се пофали дека неговиот нов дом чини околу 5 милиони евра.
„Ова е еден од најголемите станови во градот, има 4 купатила, 3 спални соби, гардеробери и уште многу работи.
Имам гардеробер за патики кои е огромен, а сепак ми е мал и не ми собира сè.
Кујната е прекрасна, ама јас тука нема да правам ништо. Најнајнајскапиот дел од станот е дневната соба - купив полуконцертен клавир и го ставив тука. Навистина изгледа лудачки скапо“, вели тој.
Бака Прасе додава и дека размислува да го издава станот и за него да наплаќа месечна кирија од 10.000 евра.
„Можам да го доопремам уште малку и да го издавам, или да живеам тука долго, долго време“, додава јутјуберот.
Интересно е што во јануари 2023, Бака Прасе се пофали со стан од 1 милион евра, а брзо потоа се жалеше дека банкротирал и дека ќе мора да ги продаде автомобилите, бидејќи останал без пари, па мора да преживее.
Погледнете го видеото од новиот дом на Бака Прасе:
А. Ј. | Црнобело