Солзи на концертот на Марија Шерифовиќ - испеа песна за Саша Поповиќ, синот првпат на нејзин настап
- Детали
- понеделник, 10 март 2025
Еден од најемотивните моменти на концертот во Белград бил кога Марија испеала песна од Оливер Драгојевиќ во чест на својот долгогодишен пријател и соработник Саша Поповиќ, кој почина на 1 март.
Балканската ѕвезда Марија Шерифовиќ викендов одржа два од петте концерти во „Сава центар“ во Белград, со кои ќе ја заврши својата регионална турнеја „Долази љубав“.
Турнејата, која е именувана по нејзиниот последен албум, Шерифовиќ ја завршува на истото место каде што ја почна - во Белград.
Како и на сите нејзини концерти низ регионот, така и овој беше одличен, но посебно емотивен за Марија.
Пејачката се разнежни кога кажа дека во публиката е нејзиниот син Марио и дека е првпат тој да ја гледа како пее на концерт.
Но, еден од најемотивните моменти на концертот беше кога Марија ја испеа песната „Ноктурно“ од Оливер Драгојевиќ и му ја посвети на својот долгогодишен пријател и соработник Саша Поповиќ, кој почина на 1 март.
Според српските медиуми, голем дел од луѓето во публиката не можеле да ги задржат солзите и се расплакале во тој момент.
Марија до крајот на турнејата има уште 3 концерти.
Таа одржа концерт и во Скопје во ноември 2024 година и тогаш кажа дека македонската публика ја оставила без текст, а дека тоа е најдобриот концерт од дотогашниот дел од турнејата.
Погледнете го видеото од песната што Марија му ја посвети на Саша Поповиќ:
Прочитајте и Марија Шерифовиќ го остави срцето во Скопје: „Ова вечерва не се опишува - ме оставивте без текст“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





