Марија Шерифовиќ со влог од Скопје - Јаде чварки, се фали дека спие „ко топ“, не ги крие емоциите по концертот

„Тука првпат пеевме заедно Тоше и јас. Се сеќавам и каде седеше и која песна ја пееше, што пеев јас, се сеќавам на сè, и оттогаш овој ресторан не го менувам за ништо“, вели Марија Шерифовиќ во видеото посветено на Скопје и концертот кој ѝ предизвика бура емоции.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-01_copy.jpg

Балканската ѕвезда Марија Шерифовиќ во неделата (10.11) имаше концерт во Скопје, од кој си замина воодушевена и полна со впечатоци.

Од нејзините објави на социјалните мрежи може да се заклучи дека скопскиот концерт е дефинитивно еден од најдобрите периодов, зашто таа без престан споделува фотки и видеа во кои вели дека Македонците ја оставиле без текст и се заблагодарува за сета љубов што ја добила во Скопје.

„Ви оставив дел од својата душа, а зедов малку од вашата за да ме лечи“, напиша таа меѓу другото на Инстаграм.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-03.jpg

Два дена пред концертот во Скопје, Марија пееше во Ниш, па сега на својот канал на Јутјуб, објави влог со најинтересните моменти од двата концерта, од посетата на градовите, подготовките за концертите...

Видеото го наслови „Од ова може да се умре“, уште еднаш покажувајќи колку нашата публика ја допрела во срце.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-12.jpg

Видеото посветено на Скопје почнува во 08:09 минута, кога Марија најавува дека е во Скопје, еден ден пред концертот.

Таа вели дека ќе стави знак на вратата на хотелската соба да не ја вознемируваат, но и покажува дека во собата има микробранова печка.

„Ми се јадат пуканки. Ќе одам подоцна да си купам и да испукам пуканки, ќе гледам некој филм.

Видов и некој DM во близина, па ќе излезам да си купам неколку ситници“, вели таа.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-19.jpg

Се жали и дека не спиела добро претходната ноќ, па вели дека ќе прилегне малку.

Но, веќе во следната сцена се буди од спиење со коментар: „Боже Господе, сум спиела 4 часа“.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-20.jpg

Следниот ден вели дека спиела одлично, „како на натпревар за спиење“.

„Не појадував, ќе одам да ручам, идеално ми е да јадам некои 5 часа пред настап, па ќе одам на проба, ќе одморам малку и на крајот - концерт“, открива Марија.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-21.jpg

Таа оди на ручек во ресторанот Балканика, па открива дека таму првпат ја одвел Дарко Димитров и тука се сретнала со Тоше.

„Заедно пеевме Тоше и јас, седевме заедно, се сеќавам и каде седеше и која песна ја пееше, што пеев јас, се сеќавам на сè, и оттогаш местото не го менувам“, кажува Шерифовиќ, која претходно во интервју за CRNOBELO.com откри дека има омилено место во градот, кај што има одлична храна, но бидејќи не се сеќава на името на ресторанот, тоа ќе го сподели во својот влог.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-22.jpg

А во ресторанот јаде чварки и топол леб.

„Опасни се чваркиве, одлични. Јас ќе јадам од жешкиов леб, похувани тиквички, домати и сирење, не можам да јадам повеќе од тоа“, продолжува Марија.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-24.jpg

Таа уште еднаш нагласува дека кога е во Скопје спие супер.

„Како заклана сум. Чекам да дојдат да ме нашминкаат и одиме накај сала“, вели.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-02.jpg

Марија споделува и кратки моменти од самото шминкање, излегувањето на бината и од еуфоријата на концертот.

Веднаш по концертот, Марија се враќа во Белград, од каде што е и нејзиното следно обраќање во овој влог:

„Луѓе, сега е 03:28 часот, стигнав дома и ова е стварно после многу години првпат после концерт да тргнам дома. Ќе ги соберам впечатоците и утре ќе кажам нешто паметно во врска со овој концерт“.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-17.jpg

Следното утро, Марија пак се жали дека не спиела цела ноќ.

„Морав да се распакувам, да ја вклучам машината за перење алишта, болна сум во мозокот. Легнав во 5.30, заспав околу 6:30, станав во 9:20.

Сакам да ви се заблагодарам на сите, во Скопје и во Ниш, ова беше напорен, но преубав викенд.

Тоа што ми го приреди вчера Скопје, ќе го паметам многу долго, не се шегувам. И вчера ви кажав, ова е најдобриот концерт оваа година.

Ме чекаат и Љубљана, Нови Сад, ќе видиме што ќе биде до крај, но ова е најдобриот концерт на досегашната турнеја.

Се надевам дека нема да чекаме 6 години да се видиме. Ве сакам многу сите“.

marija-sherifovikj-so-skopje-jade-chvarki-se-fali-deka-spie-ko-top-ne-gi-krie-emociite-po-koncertot-18.jpg

Погледнете го целото видео од влогот на Марија Шерифовиќ - делот за Скопје почнува на 08:09 минута:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg