„Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно некој од многу подалеку, како Бразил. Секогаш ми даваа совети, ме покануваа да посетам нови места, имаа многу прашања, но секогаш се трудеа да ми биде удобно. Гласни и интересни, многу забавни, но пред сè секогаш се тука да ти помогнат и навистина можеш да сметаш на нив“, открива Клаудио, фотограф од Бразил кој помина три месеци во Скопје.