Илина Арсова се пожали на цените во Охрид, Пандев се дружеше со Мурињо: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 27 мај 2024
Маја Гроздановска Панчева славеше роденден, а Дарко Илиевски објави прва фотка со ќерката. Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм минатата недела?
Емра Куртишова се забавуваше на свадба со сопругот, а дека е на свадба откри и младата пејачка Барбара Ракичевиќ.
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев настапи за тимот на светот на ревијален натпревар против некогашните најдобри романски фудбалери.
Тој влезе како резерва, даде гол и се дружеше со својот поранешен тренер Жозе Мурињо.
„Секогаш специјалниот“, напиша Пандев на фотката што ја сподели на Инстаграм Стори, а и Мурињо му врати во ист стил.
„Македонскиот крал“, напиша легендарниот стратег на своето Стори.