Истата жена редар двапати направи скандал на Кански фестивал: По Кели Роланд, туркаше актерка на црвениот тепих
- Детали
- понеделник, 27 мај 2024
„Имаше и други жени што се појавија на тој црвен тепих, но не добија прекор и не беа туркани“ – со овие зборови Кели Роланд го коментира инцидентот на Канскиот филмски фестивал, додека истата жена редар е забележана како турка уште една гостинка.
Минатата недела, некогашната членка на Destiny’s Child и колешка на Бијонсе во групата, Кели Роланд, беше топ тема во сите светски медиуми откако беше забележана како направи скандал со жена редар на Канскиот филмски фестивал, но очигледно таа не беше единствената што влезе во конфликт со истата редарка.
Во ново видео од фестивалот се гледа како истата жена редар повторно влегува во конфликт со една гостинка.
Видеото на кое таа ја турка доминиканската актерка Масиел Таверас на црвениот тепих масовно се споделува на социјалните мрежи.
Актерката присуствувала на премиерата на францускиот филм The Count Of Monte Cristo и сакала гордо да позира пред публиката со својот бел плашт на кој е отсликан ликот на Исус Христос.
Но, редарката ја туркаше да влезе внатре и не ѝ дозволи да го покаже аутфитот целосно.
Засега не е познато што всушност се случило и зошто дошло до конфликт, но како што пренесуваат светските медиуми, актерката на Инстаграм Стори објавила исечоци од изјавата на Кели Роланд за скандалот и напиша:
„Ни треба почит!“
Инаку, Кели даде изјава за медиумите и иако не навлезе во причините за конфликтот со жената на Канскиот филмски фестивал, таа накратко појасни:
„Таа жена знае што се случи. Јас знам што се случи.
Имам граници и стојам до тие граници.
Имаше и други жени што се појавија на тој црвен тепих и не изгледаа слично како мене, но не добија прекор и не беа туркани, ниту пак им беше речено да се тргнат.
Јас стоев до моите ставови, а таа сметаше дека треба да застане зад своите. Но, јас се држев до своето“ – појасни Кели.
Прочитајте и Деми Мур со кучето, Салма Хајек ги истакна облините: Најубавите модни изданија на Кански филмски фестивал 2024 (фото)
Б. С. Б. | Црнобело