„Бев сосема здрава, активна, 20-годишна девојка, што никогаш претходно немала никакви посериозни здравствени проблеми. Едно утро, после само еден час степ аеробик, се разбудив со ненормално отечени стапала, буквално вознемирувачки деформирани и веднаш отидов на лекар. Рекоа дека такви отоци сум добила од вежбањето, но...“, ја започнува својата приказна Ања Босилкова-Антовска (35) од Скопје за CRNOBELO.com.