Влатко Лозаноски за родниот град: „Во Кичево си доаѓам на 2 недели и прво јадам од домашниот ручек кој го зготвила мајка ми“

„Св. Ѓорѓија ни е наша домашна слава и секогаш за 9-ти декември фамилијарно сме сите заедно. Веднаш потоа ја посетувам и кичевска Белица, од каде што потекнува моето семејство. Белица се наоѓа на 15 километри од Кичево и таму многу често го поминувам денот или останувам по неколку дена“, вели Лозано во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com. 

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-01_copy_copy.jpg

Еден од најпопуларните македонски пејачи, Влатко Лозаноски (38), е роден во Кичево. Од градот си заминал кога имал само 14 години, но и покрај тоа се труди барем еднаш во две недели да се врати во родното огниште и да го посети семејството.

А тогаш, прво ужива во домашниот ручек што го зготвила мајка му и во зеленчукот набран во нивната градина.

Секојпат кога ќе се спомне неговиот роден град, Лозано почнува да зборува со многу емоција – за пријателите од детството, легендите врзани за градот, за околните места, каде што сака да оди и денес и да се опушти бидејќи, дома си е дома.

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-09.jpgфото: Стефан Самандов

Тој за CRNOBELO.com раскажа кои се најубавите спомени кои го врзуваат за градот и кои и сега му будат убава носталгија:

„Кичево е мало гратче, но за мене исполнето со многу спомени. Се трудам секогаш кога можам да сум во мојот роден град.

Многу ретко се случило тоа да биде подолго од две недели, иако од мои 14 години се дружам со куферите.

Една од неколкуте работи кои ги правам кога ќе дојдам дома е да уживам во домашниот ручек на мајка ми и зеленчукот од нашата градина.

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-06.jpgНа домашна слава со сестра му Марија

Св. Ѓорѓија ни е наша домашна слава и секогаш за 9-ти декември фамилијарно сме сите заедно.

Веднаш потоа ја посетувам и кичевска Белица, од каде што и потекнува мојата фамилија.

Белица се наоѓа на 15 километри од Кичево и многу често таму го поминувам денот или останувам неколку дена.

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-05.jpgВо с. Белица

Во Кичево неизбежен дел се и долгите дружби со моите другари од детство.

Тогаш заеднички споделуваме спомени или разговараме за различни актуелни теми.

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-03.jpgСо соучениците во II одделение (1993/94)

Морам да кажам дека кичевчани се надалеку познати пекари, а покрај кичевскиот бурек, во последно време е актуелен и кичевскиот колбас.

Она што е интересно за Кичево е тоа што се наоѓа во котлина, на 650m надморска височина.

Старото име на градот, кое потекнува уште од античко време, е Ускана, а потоа се викал и Кицавис.

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-04.jpgФото: Википедија

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg