Влатко Лозаноски за родниот град: „Во Кичево си доаѓам на 2 недели и прво јадам од домашниот ручек кој го зготвила мајка ми“

Но, постојат уште неколку факти кои се поврзани со градот, а кои ми се интересни:

Вовчето Кирче е првиот воз во Македонија и е изложен во градот како историски експонат.

Од Кичево извира и најголемата десна притока на Вардар, реката Треска.

Кичево е првиот ослободен град во Македонија во Втората светска војна, а 11-ти септември е денот на Кичево.

Пазарот во градот е во сабота и отсекогаш на овој ден било најраздвижено.

lozano-kicevo-03.jpgСо татко му, чичко му и сестра му

За најдобар поглед на Кичево, треба да се посетат рекреативните и излетнички места Крушино или Кнежино, од една страна, или Китино Кале, од другата страна на градот.

Легендата вели дека оваа тврдина е именувана по сестрата на Крали Марко, Кита.

Зад овој локалитет се наоѓа планината Илиница. Од врвот на оваа планина се гледа буквално целиот град.

vlatko-lozanoski-za-rodniot-grad-sekogash-koga-se-vrakjam-vo-kichevo-prvo-jadam-domashen-ruchek-koj-go-zgotvila-majka-mi-02.jpgНа планината Илиница

Главната црква во градот се вика св. Петар и Павле, а на некои 10 километри од Кичево се наоѓа женскиот манастир Света Пречиста, кој што датира уште од 14 век.

Иако во градот Кичево немало никогаш ни нижо ни средно музичко образование, интересно е тоа што од градот потекнуваат многу музичари, а тука многу се почитува и се слуша македонската музика.

Ќе ги споменам моите пријатели Влатко и Златко Миладиноски, Спасен Силјаноски, Војо и Билјан Стојаноски, Калиопи и други“.

lozano-kicevo-04.jpgЛозано и дедо му

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Симона од Штип e книгољубец, со повеќе од 350 наслови во домашната библиотека: „Сара Џио е мојата ом... Симона Мано (35) од Штип е мајка на две деца, под 3-годишна возраст, но тоа не ј...
Маја Андоновска, инспиративна битолчанка со урбан стил која ја негува и традицијата „Се трудам секогаш да го одржувам она што мајката природа ми го подарила физички...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Роки од бендот на Тоше: „Со него не ни требаа проби, без грешка пееше од прва - ќе беше светска ѕвез... „Ми се јави Ристо Вртев од „Архангел“ и ми вели: „Роки, вистина ли загинал Тоше?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg