Младата скопјанка, Драгица Ибрахимовиќ (27), која работи како стјуардеса во авиокомпанијата „Saudia Airlines“, со седиште во Ријад, Саудиска Арабија, во сплетот на животните патишта, пред 3 години го запознава Марк Саркис од Бејрут, Либан. Неодамна парот направи свадба во Македонија, а Драгица за CRNOBELO.com открива детали за нивната љубовна приказна.