„Четири неуспешни инсеменации, сите можни испитувања, хормонски терапии, премногу инјекции, солзи и солзи пролеани, по најмалку трипати дневно примав инјекции хормонска терапија... Беше премногу боцкање, талкање по лаборатории, трчање и плачење по болничките ходници, секое исчекување после 14 дена беше премногу болно“, споделува Ана Андреевска (35) од Скопје за CRNOBELO.com, која денес е среќна мајка на 3 девојчиња.