Анета од Скопје (31) е секси невеста во шик венчаница со старки и тетоважи: „Алек (23) ме запроси по 4 месеци врска, имавме бајковита свадба“
- Детали
- петок, 17 март 2023
„Меѓу мене и Алек ги немаше оние фази на запознавање, бидејќи веднаш почнавме да се разбираме со само еден поглед. Можеби тоа доведе до моментот по само 4 месеци врска Алек да ме побара за жена. Морам да признаам дека добро се имаше подготвено и во ништо не се посомневав. Успеал од кратките разговори на таа тема да запомни што точно сакам кога станува збор за запросувањето и да го оствари тоа до најмал детаљ. Малку е да кажам дека бев затечена и изненадена“, раскажа за CRNOBELO.com Анета Цветановска Спиридонов и ни откри детали за својата секси венчаница, совршената свадба и интересната моминска забава.
Анета Цветановска Спиридонов (31) и Алек Спиридонов (23) се млад пар од Скопје, кои правеа свадба пред шест месеци. Се запознале преку заедничка пријателка и по само четири месеци љубов знаеле дека се создадени еден за друг.
Па без Анета да се посомнева во нешто, Алек организирал романтично запросување, токму онака како што таа му раскажала во нивните разговори.
Анета ни ја раскажа нивната љубовна приказна, а ни откри и детали за секси-венчаницата од која се гледаа нејзините тетоважи, за свадбата од соништата, но и лудата моминска забава за која се погрижиле нејзините најдобри другарки.
Анета е вработена во Министерство за внатрешни работи, а Алек работи во угостителство.
Анета и Алек се заедно една година и три месеци, но имаат чувство како да се знаат цел живот.
За CRNOBELO.com Анета раскажува повеќе за нивната љубовна приказна, за бајковитата свадба, но и за нејзината моминска забава...
„Можеби за некого е малку време, но во нашите чувства изгледа како да сме се познавале цел живот. Начинот на кој се запознавме можам да го опишам со една позната реченица ‘Кога најмалку се надеваш, тогаш ќе се случи’. И навистина беше така, сосема случајно преку заедничка пријателка се запознавме во еден скопски локал“.
Таа вели дека целата нивна врска уште од почетокот била со многу силен интензитет, бидејќи и на двајцата им се случило нешто што никогаш претходно не го почувствувале во љубовта.
Многу бргу откако се запознале почнале да живеат заедно.
„Ги немаше оние фази на запознавање, бидејќи веднаш почнавме да се разбираме со само еден поглед. Можеби тоа доведе до моментот по само 4 месеци Алек да се одлучи на таков чекор.
Морам да признаам дека добро се имаше подготвено, и во ништо не се посомневав. Успеал од кратките разговори на таа тема да запомни што точно сакам кога станува збор за запросувањето и да го оствари тоа до најмал детаљ. Малку е да кажам дека бев затечена и изненадена“, ни раскажа таа.