Анета од Скопје (31) е секси невеста во шик венчаница со старки и тетоважи: „Алек (23) ме запроси по 4 месеци врска, имавме бајковита свадба“
Моминската забава ѝ ја организирале другарките во Охрид и се потрудиле тие неколку дена засекогаш да ѝ останат во паметење.
„Изнајмиле куќа, но надвор од стандардните девојачки лудории, имаа изнајмено и катамаран со кој пловевме по Охридско Езеро на зајдисонце. Навистина имам преубави спомени од тој ден“, вели Анета.
Порај класичните фотографии со другарките, таа на социјалните мрежи објави и фотки во бела полутанга со вел, кои предизвикаа интересни реакции кај нејзините следбеници.
„Што се однесува до сликите, без оглед на провокативноста, сметам дека заедно со тимот на Say Yes се потрудивме сето тоа да изгледа вкусно и во склоп со темата на нашата свадба.
Со оглед на тоа, но и фактот дека на моите социјални мрежи, следбеници ми се луѓе кои се без предрасуди и луѓе кои ги разбираат и следат денешните трендови, досега имам добиено само позитивни коментари“, ни раскажа таа.
Свадбата ја направија на 7-ми септември, со нивните блиски луѓе, а со кои сакаа да го споделат еден од најважните и најинтимни моменти во животот.
Анета и тогаш предизвика многу позитивни реакциии со секси венчаницата која е креација на Мила Кадриу, а е комбинација од краток фустан со тул што се вади.
„Во однос на венчаницата, искрено, немав многу проблеми. Точно знаев што сакам и каде сакам да ја правам. За среќа сè помина без проблем.
Имав идеjа дека не сакам да имам два различни модела, но дека сакам да биде повеќе шик од елегентно. Па затоа се одлучив за венчаница каде горниот дел од тулот се вадеше и остануваше краток фустан кој можев да го искомбинирам и со старки“.
Нејзиниот партнер знаел отприлика каква венчаница ќе носи, но таа не сакала да му открива многу детали и да остави нешто на имагинацијата.
По свадбата Алек ѝ признал дека иако си замислувал како ќе изгледа нејзиниот фустан, сепак реалноста била многу подобра.
Сепак, подготовките околу свадбата не оделе толку мазно. Местото каде што им стоеле украсите се поплавило, но на крајот успеале да ги спасат и сè да заврши добро.
„Морам да признаам дека луѓето околу нас имаа многу поголем притисок од мене и Алек. По наша желба традицијата ја испочитувавме во секој поглед. Од адети, сè што нам ни беше прифатливо - направивме.
На пример, Алек ја туркаше вратата за да влезе и слично. Некако успеавме сите тие традиции да ги споиме во интересни моменти каде сите наши гости, вклучувајки нè и нас, стварно многу се забавуваа“, вели таа.
По свадбата, Анета и Алек објавија и кул фотографии од нивната свадбена фотосесија, која беше направена на различни локации во Скопје.
„Фотосесијата ни беше стварно битен детаљ. Сакавме да имаме фотографии кои ќе нè прикажат нас, нашите карактери, нашата љубов и динамика. Но, истовремено сакавме тоа да биде на необични локации. Доста време потрошивме на смислување на локациите и на крајот направивме прекрасна фотосесија.
За тоа зборува и фактот дека нашите фотографии излегуваат по интернет страници и навистина сме среќни. Можеби ќе бидеме инспирација на младите за нивната идна фотосесија“, ја заврши Анета својата приказна.