„Мојот сопруг уште дента кога му ја соопштив веста дека нашето бебе има дијагноза Даунов синдром со прашањето „Што ќе правиме сега“, ми рече „Ќе живееме“. Цако беше бебе како од книгите. На три часа доење, спиење цела ноќ, насмеан, весел, нималку плачлив. Неговото проодување и прозборување беше со многу мало задоцнување во однос на децата со типичен развој...“, вели Снежана Матовска од Скопје, мајка на Александар Матовски Цако (32), кој денес е факултетски образован, успешен и самостоен човек.