Марија Јанакиевска (31), инструкторка и вљубеничка во јога - споделува топ 5 совети за почетници

„Преку јогата научив дека телото е мапа на душата и дека моето тело зборува јазик кој е дизајниран за да го слушам и учам од него. За многумина тоа е начин да се опуштите и да го намалите стресот од животот, во светот на мобилни телефони и професии под висок притисок“, вели Марија Јанакиевска (31) за CRNOBELO.com.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-01.jpg

Марија Јанакиевска (31) е дипломиран градежен инженер и сертифициран јога инструктор. Вели дека обете професии ѝ се подеднакво важни и навистина ужива да им се посвети.

Со практикување на јога започнала од своја 23-та година, а кариерата како јога инструктор ја започнала од 2018 година во Софија, Бугарија.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-11.jpg

Во моментов држи часови наменети за постигнување на подобра флексибилност и еластичност т.н. Flexibility Yoga Flow во Club8 во Скопје.

Flexibility Yoga Flow e креативна форма на јога каде флуидните движења од положба до положба се синхронизирани со дишењето во динамичен ритам.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-02.jpg

За CRNOBELO.com Марија вели:

„Преку јогата научив дека телото е мапа на душата и дека моето тело зборува јазик кој е дизајниран за да го слушам и учам од него. За многумина тоа е начин да се опуштите и да го намалите стресот од животот, во светот на мобилни телефони, професии под висок притисок, предизвици во врската и брзото темпо на модерниот живот.

Јогата го зема телото како појдовна точка и развивајќи го, автоматски го претвора во сила на чувства, сила на разумот и сила на духот. Радоста, поради нашата постојано растечка свест на тој изоден пат, ја доживуваме како состојба на среќа.

Не ми е намера да застапувам ориентализам или кој било култ, но вистинската и трајна среќа може да се постигне само со здраво тело. Поради широко прогласените здравствени придобивки од јогата и чувството на севкупна благосостојба, многу луѓе посакуваат да стане дел од нивниот живот.

Борбата за здравје е напорна и тешка работа, а победникот сме ние, тогаш кога ќе завладееме со нашето тело. Тајните во нашето тело постојано чекаат да бидат откриени, но за тоа потребно е време, постојан труд и трпение, а самиот човек како портир може да го пронајде својот пат до успешното самоостварување само доколку телото и духот му се одгледани со доследно покорување врз налозите на неограничениот ум што почива во него.“

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-14.jpg

Марија за CRNOBELO.com споделува топ 5 совети за јога почетници:

Прифатете дека сте почетник

Учењето да свирите на музички инструмент, да возите автомобил, па и да правите торта, се работи за кои е потребно време за да се научат. Исто така, кога станува збор за започнување јога практиките, треба да го прифатите фактот дека сте почетник.

Да се биде почетник, без разлика за која работа се однесува, е сосема во ред. Ако се чувствувате малку фрустрирани затоа што колковите ви се сè уште стегнати после само неколку часови јога, или сè уште сте збунети околу држењето на телото после еден месец, треба да запомните дека сте на самиот почетокот.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-03.jpg

Истото е и кога штимате инструмент, така што за финото порамнување на телото и елеганција во јога-асаните, ќе биде потребно одредено време. Треба добро да запаметите дека трпеливоста е главната карактеристика на јогините и нивните ученици, па затоа, во првите неколку седмици, треба да изберете часови што се малку побавни за да можете добро да се справите со порамнувањето и движењата на јога простирката.

Јогата е трансформативно патување кое треба да вè води кон одредена цел, без разлика дали таа цел е елиминирање на стресот, подобро здравје, одредено излекување или постигнување на внатрешен мир. Знаењето до кое ниво се наоѓате, може да ви помогне да знаете од каде да започнете и како да ги направите првите чекори кон вашата цел.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-10.jpg

Движете се бавно и слушајте го телото

При изведувањето на јога положбите, не треба да брзате. Со бавно изведување на асаните, правите одржлив напредок кон нивното усовршување.

Исто така, бавното изведување помага да се спречат повредите, да се зајакне вашиот фокус и да се подобри целокупната концентрација.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-09.jpg

Следете го јога инструкторот, но слушајте го своето тело. Многу важно е во јогата да ги следите чекорите дадени од вашиот инструктор, кој ќе ви објасни како да заземете одредена положба, да ја задржите истата и да излезете од неа.

Исто така, инструкторот ќе ви покаже на што да се фокусирате и ќе ви помогне со мали модификации доколку е тоа потребно. Но, најважно од сè е да го слушате своето тело.

Секој ден е различен. Направете онолку колку што чувствувате дека ви е удобно да направите за време на јога часот. Додека се движите треба да дишите, да забавите или да направите пауза со дишењето доколку ви недостига здив. Да се одморите, да се фокусирате и да бидете во моментот.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-15.jpg

Откривањето и познавањето на вашите физички и ментални граници е од витално значење. Затоа треба да го слушате вашето тело додека се истегнувате, се движите и додека дишите.

Ако имате проблеми со дишењето или чувствувате одредена болка, треба да ја прилагодите асаната така што нема да чувствувате напор, без да се измачувате за истата.

Исто така, треба да имате предвид дека некои положби не треба да ги практикуваат луѓето со одредени состојби, како што се повреди, бременост и одредени хронични заболувања.

marija-janakievska-31-instruktorka-i-vljubenichka-vo-joga-spodeluva-top-5-soveti-za-pochetnici-13.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Успешни Македонци низ светот: Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам  „Холанѓанките се негувани и вежбаат сите од 7 до 77 години. Сите прават но...
Емра Куртишова: „Лена уште во стомакот реагираше на гласот на татко ѝ, а сега се топи кога тој ќе ѝ ... „Ликот на Исаура ми фали премногу. Навистина ми е жал што успеав да снимам само ...
Марија има кафе-книжарница во Куманово: „Многумина ме премислуваа, но сфатив дека кумановци многу чи... „Кумановци читаат! Читаат многу популарна психологија, читаат и трилери и романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg