Марија Јанакиевска (31), инструкторка и вљубеничка во јога - споделува топ 5 совети за почетници
Дишете
Јогата е физичка и ментална вежба. Основните елементи на јогата се вашето правилно дишење и јога асаните – физички положби кои ќе ги научите за време на јога часовите.
Притоа, треба да уживате во едноставното задоволство од вдишувањето и издишувањето, да се ослободите од сите негативни мисли и емоции и да ја прифатите тишината, мирот и убавината на сегашноста, овде и сега.
Да вдишувате и да издишувате и истиот мир кој ќе го постигнете на часовите по јога, да се обидете да ги носите со себе во остатокот од денот.
Флуидноста на вашиот здив е од суштинско значење на часовите по јога. Со бавно и длабоко дишење во текот на вашата редовна рутина, ја зголемувате циркулацијата и го намалувате стресот додека ги стимулирате умот и телото.
Јога дишењето ви помага да го намалите ризикот од повреда, дозволувајќи му на вашето тело да се опушти додека се движи низ различните положби.
Фокусирајте се кон внатре и не се споредувајте
Јогата не е натпревар. Бидејќи јогата е ваше сопствено патување, нема смисла да го проверувате напредокот на другите за да се споредувате со нив и според тоа да судите за себеси.
Вие можете да црпите мотивација и инспирација од способностите на нивните тела, но не треба да бидете строги кон себеси ако сè уште не сте стигнале до тоа ниво. Редовното вежбање ќе ви помогне и вие да го достигнете тоа ниво.
Веројатно, во студиото ќе има барем некој кој подолго време се занимава со јога и ви изгледа прекрасно додека ги прави јога положбите.
Вие не сте тука за да се натпреварувате со себе или со некој друг. Поентата е да се биде во моментот, чувствувајќи и слушајќи се себеси – вашето тело и вашиот ум. Сè што треба е да бидете во моментот.
Тука нема ниту навивачи, ниту судии. Тука сте само вие. Јогата ви помага повторно да се поврзете со себе и да откриете кои сте.
Едноставно уживајте
Колку и да звучи чудно, една од најважните работи за да се биде јогин е да се има смисла за хумор.
Имањето здрава смисла за хумор може да ви помогне да се движите во моментите кога евентуално ќе се почувствувате непријатно, малку чудно, па дури можеби и засрамено при испробување на некои нови јога-положби. Секогаш треба да имате предвид дека не смее да чувствувате притисок за да бидете совршени, додека се движите низ различните положби.
Всушност, насмевката на лицата на часовите по јога може да ви помогне да останете опуштени и смирени, што ќе поттикне само успех и ќе спречи непотребно страдање.
Обидете се да ја сочувате насмевката на вашите лица. Навистина, некогаш ќе треба вистински да се борите додека се движите низ положбите и притоа треба да дишете правилно, додека ги заземате положбите. Но, нема потреба премногу сериозно да се сфаќате себеси или јогата.
Ако бидете нежни кон себе и ако бидете благодарни, само така ќе имате виден напредок и само така може одлично да ви оди.
Дури и ако не се чувствувате успешни да направите ниту една асана за време на часот, со сигурност најуспешно ќе ја направите последната и најважната – Shavasana.
Shavasana вклучува лежење на грб на рамно на подот, одморајќи го и опуштајќи го целото тело пет или повеќе минути. Не звучи лошо, нели?