Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, магистрирав, имам успешни бизниси“

„Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред повредата ги сакав моторите, возев мал скутер. Денес возам и АТВ, си го купив со желба за поголема слобода и го користам за да поминам време во природа со моите кучиња“, вели Марија од Радовиш која 10 години е во количка, но не дозволува тоа да ја запре да ужива во животот.

marija-od-radovish-10-godini-e-vo-kolichka-ne-dozvoluvam-toa-da-me-sprechuva-vozam-atv-kje-magistriram-imam-uspeshni-biznisi-01.jpg

Марија Ристова (26) од Радовиш е дипломиран правник и магистер по казнено право. Таа има свој мал бизнис за колачи и слатки, а е и единствената жена во земјава која е регистриран одгледувач на кучиња од расата шарпланинец.

Оние кои ја познаваат, но и луѓето кои ја следат на социјалните мрежи постојано ја гледаат ведра и расположена, полна со елан и живот. Таква е и во реалноста, но многумина, сепак, не знаат дека Марија околу 10 години е количка...

И покрај тоа, Марија вози АТВ и ужива во секој миг во животот.

„Да се биде во количка не е ништо невообичаено, само бара пристап на нештата од поразличен агол и на поразличен начин.

Вистина е дека не можам да одам, но ги чувствувам и движам и двете нозе. Ова е малку покомплицирана тема, но тоа е накратко“.

marija-od-radovish-10-godini-e-vo-kolichka-ne-dozvoluvam-toa-da-me-sprechuva-vozam-atv-kje-magistriram-imam-uspeshni-biznisi-03.jpg

За предизвиците со кои се соочува, но и за успесите кои ги постигнува на многу полиња, таа ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Како се чувствуваше по несреќата, кога дозна дека веќе нема да можеш да одиш?

Искрено, не знам како се чувствував. Веројатно беше моментален шок и неверување.

Потоа следуваше прифаќање на ситуацијата и помирување со неа. Но, и благодарност на Бога што сум жива и имам шанса да се борам.

Инаку, мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа каде што најмногу бев повредена јас.

marija-od-radovish-10-godini-e-vo-kolichka-ne-dozvoluvam-toa-da-me-sprechuva-vozam-atv-kje-magistriram-imam-uspeshni-biznisi-08.jpg

А, што ти беше мотив, што ти даде сила да продолжиш и да почнеш да живееш исполнет „втор живот“?

Мотив да продолжам напред ми е мојата фамилија која секогаш ме поддржувала во сè и беше до мене во тие најтешки моменти, пријателите кои не ме напуштија и мојата желба за живот.

Сметам дека сум потенцијал кој има што да покаже без разлика на сè што се случило.

По повредата, јас имав уште една година од средно и требаше да ја завршам. Положив матура и се запишав на факултет.

Денес сум магистер по право од областа на казнените науки.

marija-od-radovish-10-godini-e-vo-kolichka-ne-dozvoluvam-toa-da-me-sprechuva-vozam-atv-kje-magistriram-imam-uspeshni-biznisi-06.jpg

Во првите години од моето студирање се роди и мојот прв мал бизнис, путер колачите кои се доста популарни кај нас веќе осум години.

Успехот со колачињата ми е преубава приказна - луѓето ги обожаваат, а јас сум им благодарна на таа доверба. И во сето тоа ми помагаат моите.

marija-od-radovish-10-godini-e-vo-kolichka-ne-dozvoluvam-toa-da-me-sprechuva-vozam-atv-kje-magistriram-imam-uspeshni-biznisi-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg