Марија има кафе-книжарница во Куманово: „Многумина ме премислуваа, но сфатив дека кумановци многу читаат“

„Кумановци читаат! Читаат многу популарна психологија, читаат и трилери и романи, биографии… Во мојата книжарница имате можност да дојдете во мир и да прочитате некоја книга, да излезете на кафе-муабет со себе, да уживате во мирна атмосфера…“, открива Марија Колевски која има своја кафе-книжарница во Куманово.

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 3

Марија Колевски од Куманово е сопруга и мајка на две дечиња. По професија е дипломиран економист, со 15-годишно искуство во ИТ светот. Пред точно 2 години бил нејзиниот последен ден во компанија за маркетинг, но и почетокот на нешто свое, нешто ново.

Марија отсекогаш уживала во пишување и читање. Првин тука беше нејзиниот блог, па нејзиниот Инстаграм профил каде редовно споделуваше свои лични искуства. Од партнерски односи, родителство, личен развој, па сè до гостувања на стручни лица во конкретна област со отворено се разговараше за различни теми: женска енергија, постпородилна депресија, балансирање помеѓу мајчинството и кариерата…

За тоа време Марија успеа да изгради своја заедница, но и еден нејзин сон да стане реалност – отворањето на „Букси“, нејзината кафе-книжарница во Куманово.

Во интервју, Марија ни раскажа нешто повеќе за нејзината книжарница:

Марија можеш ли да ни го раскажеш патот на отворањето на твојата кафе-книжарница „Букси“ во твојот роден град, Куманово? Што те инспирира да ја отвориш?

Отсекогаш уживав во огромни библиотеки, во книжарници каде се губев при моите патувања и мечтаев. Отсекогаш пишувам, читам, уживам во пишаниот збор, па си мечтаев за нешто свое.

Но, никогаш озбилно не навлегував во темата, бидејќи си имав нели сигурна работа, бев исполнета со она што секојдневно го учев и се надградував, сè до моето второ породилно отсуство, каде почувствував дека е потребна некоја промена.

Не беше лесна одлуката да дадам отказ од работа која ми беше одлично платена, но тогаш си дадов цврста одлука и започнав!

Меѓутоа, самата кафе-книжарница беше една идеја која никогаш немаше да биде реализирана доколку останеше само како желба и доколку никогаш не ја запишев на лист хартија како цел, доколку не тргнев кон преземање на макар еден, најмал чекор. И тогаш, сè почна да тече.

Во изминативе 2 години запознав многу личности кои ми даваа мотивација, бев инспирирана од луѓето кои ме опкружуваа, сите тие беа дел од мојата Инстаграм заедница, личности кои ги запознавав по курсеви, едукации, семинари, обуки, а моќта е огромна кога си помеѓу истомисленици!

И така, во 2023-та решив дека конечно аплицирам за мерката самовработување и дека мојата кафе-книжарница ќе биде реалност.

Зошто во Куманово? Тука сум, и чувствував дека тука е потребна промена! И, некако, знаев дека има луѓе кои ќе ја прифатат и поздрават идејата. Луѓе кои ќе уживаат да го испијат го своето кафе додека читаат некоја книга, луѓе кои сакаат да подарат книга, луѓето кои се страсни читатели и едвај чекаат некој наслов да пристигне во „Букси“.

Искрено, мене ми беше огромна пречка што за книги од различни издавачи морав да нарачувам од различни места, или евентуално на саем да ги купам сите книги кои ми се на листа за чекање. Тоа недостасуваше во Куманово.

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 1

Каква им беше реакцијата на твоите најблиски кога со нив ја сподели идејата?

Моите родители дури до последен момент се обидуваа да ме предомислат, да се откажам, да бидам свесна за сè што следи, но јас тоа од една страна го гледав како обид да ме заштитат, а од друга страна како премногу заштитнички, со недоверба, а едноставно, така претежно сме растени!

Мојот сопруг беше личноста која ги знаеше моите соништа, моите идеи, моите замисли. Тој ми беше поддршка и во оваа идеја и се трудеше да биде од помош во секоја фаза.

Многупати пред да дојдам до самата фаза за аплицирање за отворање своја фирма ќе се почувствував на моменти изгубено, знаев дека чекорам кон нешто, но не знаев што е тоа, не знаев да дефинирам, имав стравови, имав дилеми, имав уверувања, одев еден чекор напред – назад по два…

Но, кога ќе се донесе некоја одлука, потребно е да се верува во неа со цело срце! Само така можеме да ја реализираме.

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 9

Што те водеше кон остварување на твојата идеја, на овој твој сон?

Ме водеше мислата дека сакам да се видам исполнета, среќна, задоволна. Сакам моите деца да ја дознаат моќта на тоа да се биде упорен, да се има идеја и да се има храброст да се реализира истата.

Да не се откажеме при првите пречки, да наоѓаме решенија, да бидеме проактивни и да бидеме јасни и гласни!

Бидејќи, никој не може да ги прочита нашите мисли, никој нема да дојде од дома да нè крене во акција – доколку тоа не го сториме самите.

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 16

Кои беа првичните предизвици со кои се соочи?

Хм, ете пак не можам да кажам дека нешто беше многу тешко. Да, имаше моменти кога ми изгледаше дека процесот трае предолго, од моментот на аплицирање до моментот на реализација, многу документација, многу формалности, но јас тоа го гледав како можност за учење нови работи.

Интересно е дека работите се одвиваа онака како ги замислував, значи од наоѓањето на локацијата – која си замислив да ми биде близу до домот, па сè до реализирањето на самиот план, до подготовките на објектот, до многуте луѓе кои ни беа од голема помош при самото уредување на објектот, до моментот на самото отворање (кога го имаше мислам најсилниот дожд).

Со денови претходно беше сончево, убаво време – дента се истури од врнење. Но, знаеш, јас бев толку опуштена дека сè ќе биде во најдобар ред и навистина така беше.

Имав премногу луѓе околу мене дента, имав личности кои ги знаев само виртуелно – а дојдоа во Куманово на самото отворање, имав толку позитивна енергија, позитивни реакции и коментари – што мислам дека секој предизвик се заборава.

А, не е ниту интересно доколку нема предизвици - како ќе научиме да сме истрајни и да наоѓаме решенија?

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 12

Што најмногу сакаат да читаат кумановци? За кои домашни и странски автори има посебен интерес?

Прво сакам да кажам дека кумановци читаат! Бидејќи при самата моја апликација за отворање бизнис, добив такво прашање од предавачите: „Па, читаат ли кумановци?“

А што читаат? Читаат многу популарна психологија! Читаат и трилери и романи, читаат биографии, но знаеш, забележав дека најмногу се читаат оние книги за кои ќе се даде добра препорака – како и со сè друго денес.

Затоа, се трудам за секоја прочитана книга да споделам убав коментар, да препорачам, да најдам соодветна книга за нив или за подарок и уживам во тоа.

Се читаат автори како Џозеф Марфи, Робин Шарма, Штефани Штал, Јеспер Јул, Рајан Холидеј… Од домашните Винка Саздова, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Коста Петров, Катерина Ангеловска…

Јас многу сакам да препорачувам онака пристрасно и локални автори, па така меѓу книгите што се продаваат исто спаѓаат книгите на Евгениј Хоуп, Ана Аврамовска, а пред некое време достапни се и делата и на Петар Андоновски.

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 14

Пред самиот крај на 2023 почнавте да организирате и настани во кафе-книжарница. Како беше прифатен концептот? Имаше ли луѓе кои сакаат да проследат дискусија за „Токсични врски“?

Всушност, со настани започнав од самиот почеток, па така имав една промоција на книга, имав работилница за деца – читање еко-бајка и еко-работилница, имав неколку средби од книжевните клубови во Куманово, последно имав работилница за дечиња со боење путер колачиња, а исто така имав и, како што спомена ти, трибина на тема „Токсични врски“.

Беше одржана од психолог и имаше огромен интерес! Бидејќи „Букси“ е мал локал, немам многу места за седење, па бројот на учесници е баш ограничен на 15-16 лица, бројка која се пополнува во првите 2 дена максимум.

Но, често има и луѓе кои избираат да постојат за да бидат дел од настанот.

Мене ми е огромна чест и задоволство да сум домаќин на такви настани, пред сè настани кои ме отсликуваат и мене и сè нешто што лично многу ме интересира и на што посветувам време. Така што, продолжуваме со настани.

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 5

Исто така, имавте и средба од ученици, организирана заедно со твојата професорка по македонски јазик од средно училиште. Според тебе, колку е важно младите барем за кратко да ги остават телефоните настрана и да се запознаат со светот на книжевноста?

Тоа беше многу убаво искуство! Всушност, мојата професорка по македонски јазик од средн, неколкупати во „Букси“ донесе неколку различни класа, како редовен час – каде првин сакаше да зборуваме за „Благодарност“, сакаше јас да им го раскажам својот пат кон реализирање на „Букси“, но и кон моќта на „Благодарноста“ која ја открив години наназад. Сакаше да им го доловам моето гледиште на „Благодарноста“ и мојот „Дневник 365 дена Благодарност“.

Да бидам искрена, мојата професорка е една личност која беше мојата инспирација уште во средношколските денови, бидејќи беше единствената која се трудеше да воведе нешто поразлично, да ни покаже друг поглед на светот, да нè воведе во многу практики – и сум многу среќна што тоа го работи и ден-денес и што внесува промена!

А, во врска со читањето, добив многу интересна изјава од една од присутните ученички: „Искрено, нашата генерација не е многу по читањето!“

Она што ѝ го одговорив беше следново: „Ниту јас кога бев во средно училиште не беше кул да читаш. Но, она што те издвојува од масата е автентичноста. Она што е потребно денес да се опстане е да си дозволиме да се слушаме себеси. Она што е вистински кул е да го претставиш на светот она што тебе те исполнува!“

marija kolevska otvoriv svoja kafe knizarnica iako mnogumina me predomisluvaa i sfativ deka kumanovcite citaat 10

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg