„Мојот локал „Парфумарија“ денес е едно мало катче во срцето на Дублин, за кое се има пишувано низ целиот свет, во реномирани водичи и списанија како како „Lonely Planet“, и „Vogue“ и можам да признаам дека е моја гордост бидејќи е на скоро секоја must visit листа, кога го посетувате Даблин“, споделува Марија Аслимоска за CRNOBELO.com, која пред 20 години на свадба во Англија, го запознала својот сопруг, кој е од Даблин и оттогаш Ирска ѝ е дом.