Елвира од Скопје е автомеханичар: „Ми носат возила за кои не нашле решение кај друг мајстор, мажите тешко стекнуваат доверба во мене“

„Мажите немаат премногу доверба во жени кога се работи за возило. Најтешки за одржување се возилата што биле на повеќе мајстори за еден проблем и оние за кои нема делови“ – вели за CRNOBELO.com Елвира Исмаил, единствената жена автомеханичар во Македонија.

elvira-od-skopje-e-avtomehanichar-se-sluchuva-da-mi-nosat-vozila-za-koi-ne-nashle-reshenie-kaj-drug-majstor-mazhite-teshko-steknuvaat-doverba-vo-mene-01.jpg

Елвира Исмаил (49) од Скопје е единствената жена автомеханичар во Македонија. Потекнува од семејство каде автомеханиката се пренесува од колено на колено, а веќе 30 години се занимава со оваа професија.

Таа во изјава за CRNOBELO.com раскажува дека нејзиниот дедо бил мајстор за возови, татко ѝ поправал француски автомобили, а денес таа работи како автомеханичар и ги руши сите предизвици за тоа дека поправката на автомобилите е само „машка“ професија.

Оваа самохрана мајка одлучила да го продолжи занаетот на татко ѝ и на тој начин да обезбеди егзистенција за себеси и за своето семејство.

Вели дека семејството ѝ е најголема поддршка, а открива и некои интересни детали за предизвиците со кои се соочува како жена во една „типично машка“ професија.

elvira-od-skopje-e-avtomehanichar-se-sluchuva-da-mi-nosat-vozila-za-koi-ne-nashle-reshenie-kaj-drug-majstor-mazhite-teshko-steknuvaat-doverba-vo-mene-02.jpg

Таа на самиот почеток ни појасни дека нејзината приказна започнува со самото тоа што во семејството се три сестри, немале брат кој може да го наследи занаетот од татко ѝ, по што таа одлучува да се запише во средно машинско училиште.

По завршувањето на образованието веднаш почнува да работи во сервисот на татко ѝ.

За CRNOBELO.com таа вели... 

„Во овој занает најубавото нешто е што секогаш има новитети за учење, секоја кола е нова приказна, ново дело со нов проблем.

Не сакам само кога ќе одат муштериите кај повеќе мајстори и нема излез за правење, па тогаш ми ги носат. Тоа значи поправка на нивни грешки што треба да се отстранат за да се дојде до вистинскиот дефект“ – појаснува Елвира.

elvira-od-skopje-e-avtomehanichar-se-sluchuva-da-mi-nosat-vozila-za-koi-ne-nashle-reshenie-kaj-drug-majstor-mazhite-teshko-steknuvaat-doverba-vo-mene-03.jpg

Со оглед на тоа што ова е професија што бара понекогаш и физичка сила и подготвеност, ја прашавме дали постојат одредени работи што таа не може да ги прави како припадничка на понежниот пол, на што таа одговара дека има работи за кои ги одбива муштериите, но не затоа што е жена, туку затоа што станува збор за проблем за кој треба да се оди кај фарбар или кај лимар.

„Мажите немаат премногу доверба во жени кога се работи за возило. Тие мислат дека се најдобри во оваа професија. Но, тоа не трае долго, кога ќе се уверат колку знам се повлекуваат“ – вели таа.

elvira-od-skopje-e-avtomehanichar-se-sluchuva-da-mi-nosat-vozila-za-koi-ne-nashle-reshenie-kaj-drug-majstor-mazhite-teshko-steknuvaat-doverba-vo-mene-04.jpg

Таа има долгогодишно искуство во одржувањето на автомобили, работела со секаков тип на возила и клиенти, а во овој контекст моравме да ја прашаме и за тоа кои се попедантни со одржувањето на возилата: мажите или жените?

„Од моето долгогодишно искуство може да ви кажам дека луѓето стануваат попеднатни откако ќе станат родители и ќе почнат да возат деца.“

elvira-od-skopje-e-avtomehanichar-se-sluchuva-da-mi-nosat-vozila-za-koi-ne-nashle-reshenie-kaj-drug-majstor-mazhite-teshko-steknuvaat-doverba-vo-mene-05.jpg

На прашањето колку време ѝ останува за дружење и општествен живот, таа одговори дека за сѐ има време доколку имате поддршка од дома, а на прашањето кои автомобили се најтешки за одржување таа рече:

„Најтешки за одржување се оние возила што биле на повеќе мајстори за еден ист проблем и возила за кои нема делови на нашиот пазар.“

elvira-od-skopje-e-avtomehanichar-se-sluchuva-da-mi-nosat-vozila-za-koi-ne-nashle-reshenie-kaj-drug-majstor-mazhite-teshko-steknuvaat-doverba-vo-mene-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Кога љубовта не познава граници: Приказните на две балканско-бразилски семејства За CRNOBELO.com, две сопруги раскажуваат како е да се биде во интернационален бр...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg